1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кој го советува премиерот Христијан Мицкоски?

ДТЗ
29 јануари 2025

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници во неговиот тим - дел од нив се и поранешни најблиски соработници на експремиерот во бегство и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Христијан Мицкоски
Кој го советува премиерот Христијан Мицкоски?Фотографија: Government of North Macedonia

Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници во неговиот тим - дел од нив се и поранешни најблиски соработници на експремиерот во бегство и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Листата на советници од денеска е и официјално достапна на страницата на Владата на Северна Македонија.

Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески,се враќа во политиката како надворешен советник за финансии и банкарство. Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски сега ја извршува функцијата на надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем, а ексвицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски го советува премиерот за стратешки прашања од областа на економијата. 

Поранешни функционери, професори и ексразузнавачи на листата

На листата се најдоа и Сашо Марковски како советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија, Јоханес Хајдекер - интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во однос на подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ, како и Цветко Мицевски како советник за инфраструктура. 
Премиерот го советува Гоце Наумовски за прашања од областа на правото, Лазар Јовевски за труд и социјална политика, Александар Спасеновски за европски прашања и Снежана Трпевска за образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост. 

Горан Николовски е задолжен за стратешки прашања од областа на безбедноста, Шенер Биљали за односи меѓу заедниците, Мимоза Рајл за култура, Љубчо Андоновски за национална безбедност, Јован Пејковски од областа на политичките и економските науки и Даме Димитровски за животна средина и клима. Уште неколку дена на советничката позиција за реформи во здравството ќе биде Игор Николов, кој наскоро ќе замине на амбасадорката позиција во Франција. 

Врз основа на член 8 од Одлуката за формирање на Канцеларијата, премиерот може да ангажира надворешни советници од редот на професори, научници, истакнати стопанственици и стручњаци кои поседуваат посебни знаења и искуства во областите на долгорочното стратешко планирање, во економскиот, политичкиот систем и човечките ресури и одржливиот развој. Надворешните советници се ангажираат за определено време до исполнување на ангажманот. Нивните хонорари се движат од 60 до 90 илјади денари, како што соопшти премиерот Мицкоски во вторникот. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми