1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Преминување улица на црвено стана легално во Њујорк

ЕМФ / дпа
30 октомври 2024

Ако ја преминете улицата на црвено, соочени сте со казна. Но, не и во Њујорк.

семафор во Њујорк
Фотографија: picture alliance / imageBROKER

Преминување на улица додека семафорот свети црвено во Њујорк стана официјално легално. Законот кој тоа го овозможува стапи на сила, откако градоначалникот Ерик Адамс не стави вето во за тоа предвидениот рок. Според законот, пешаците во Њујорк сега смеат да преминуваат улица кога и каде сакаат, без притоа да ризикуваат плаќање казна.

Фотографија: picture alliance/blickwinkel/G. Vockel

Досега тоа беше забрането и оној кој ќе направеше таков прекршок во Њујорк беше соочен со казна до 300 долари (околу 275 евра). Но, во реалноста, пешаците не се придржуваа до прописите речиси никогаш, а и полицијата интервенираше многу ретко

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми