1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалТурција

Престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул

ЕМФ / ртр
7 април 2026

Престрелка пред израелскиот конзулат во Истанбул заврши со убиени напаѓачи и повредени полицајци. Инцидентот се случи во високо обезбедена зона.

Турција Истанбул 2026 | Специјалните сили во акција во близина на израелскиот конзулат
Инцидентот се случи во високо обезбедена зона во ИстанбулФотографија: Murad Sezer/REUTERS

При подолга престрелка пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул, денеска беа убиени најмалку двајца напаѓачи. Според медиумски извештаи и видео-снимки на агенцијата Ројтерс, трет напаѓач е тешко повреден. Покрај тоа, повредени се и двајца полицајци, јавија медиумите.

Инцидентот се случил непосредно пред висококатница во финансискиот кварт на турската метропола, во која е сместено дипломатското претставништво.

Вооружен маж во близина на израелскиот конзулат во ИстанбулФотографија: Murad Sezer/REUTERS

На видео-снимките на Ројтерс се гледа како полицајци го вадат своето оружје и се засолнуваат. Престрелката траела најмалку десет минути. Едно лице било облеано во крв. Друг материјал прикажува осомничен напаѓач кој се движи меѓу паркирани бели полициски комбиња. Тој пукал неколку минути со автоматска пушка и со рачно огнено оружје. На блиските улици и тревни површини лежеле две тела.

Од почетокот на војната меѓу Израел и радикално-исламистичкиот Хамас во Појасот Газа во октомври 2023 година, во околината на конзулатот има силно вооружено полициско присуство. Но, моментално нема израелски дипломати стационирани во Турција, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименувано лице запознаено со ситуацијата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми