1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

По 8 години затвор за ексдиректорите на Маѓар телеком

ДТЗ
21 март 2023

Поранешните директори на Маѓар Телеком во Македонија, Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас ќе треба солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари која што и е нанесена на Северна Македонија

телеком
Маѓар Телеком е „ќерка фирма“ на Дојче ТелекомФотографија: dapd

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас се осудени на по осум години затвор. Ваква одлука донесе Основниот кривичен суд Скопје, кој денеска ја објави првостепената пресуда за предметот кој се водеше во отсуство против тројцата поранешни директори, кои не беа достапни за органите на прогон.

„Согласно пресудата, обвинетите се огласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата и се осудуваат на казни затвор од по 8 години за секој од обвинетите“, се наведува во пресудата. 

Да се надомести штетата

Обвинетите исто така се задолжени солидарно да ја надоместат штетата од 67.407.760 денари, која што и е нанесена на  Република Северна Македонија, како и судските трошоци за постапката. Против оваа пресуда тие имаат право на жалба до Апелациониот суд Скопје.

Истрагата почна во 2008 година, а судскиот процес траеше повеќе од 12 години. Тие беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.

Во 2017 година, поранешниот разузнавач Слободан Богоевски пред истражителите на американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) кои пред судот во Њујорк водеа процес против поранешните менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи, тврдеше дека македонски политичари биле подмитени со 7,5 милиони евра за да не дозволат либерализација на пазарот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми