1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

„Пиши - бриши“ со сведочењата за убиствата на Вања и Панче

ДТЗ
25 ноември 2024

Обвинетиот Влатко Кешишев го смени сведочењето околу улогата на Љупчо Палевски во целиот случај. Пред судот тврдеше дека го сторил тоа од страв и под притисок на Палевски, којшто му дал пишана изјава

Љупчо Палевски
Обвинетиот Влатко Кешишов неколкупати го смени сведочењето околу улогата на Љупчо Палевски во целиот случајФотографија: Petr Stojanovski /DW

Различни изјави на обвинетите и пресврти во текот на судската постапка, го одбележаа досегашниот процес кој се води за неколкумина обвинети за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. Обвинетиот Влатко Кешишев неколкупати го смени сведочењето околу улогата на главниот обвинет Љупчо Палевски во целиот случај. Пред судот тврдеше дека го сторил тоа од страв и под притисок на Палевски, којшто му дал пишана изјава, која потоа ја потпишал и ја доставил до судот. Во неа било наведено дека Палевски на 22 и 27 ноември лани не бил со групата којашто ги грабнала и ги убила Вања и Панче, туку дека спиел во штабот на партијата Десна.

Пресврт во сведочењата 

Обвинетиот Влатко Кешишев на крајот на судското рочиште во понеделникот (25.11) преку својот адвокат побара збор и кажа дека оваа изјава ја напишал под принуда на Палевски. Тој во комбето на затворската полиција, наводно, му дал ливче со напишана изјава и му кажал да ја препише со свој ракопис и да ја поднесе до судот. Пред судот тврдеше дека тоа го направил од страв. 

Поради тоа, по налог на судот, на идните судски рочишта обвинетите ќе бидат посебно спроведувани. 

Обвинетиот Влатко Кешишов рече дека писмената изјава испратена од затворот до судот ја напишал под принуда на Палевски.Фотографија: Petr Stojanovski /DW

„Пишаната изјава нема доказна вредност“ 

Ваквото тврдење на Кешишев следи откако обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска се изјаснија дека пишаната изјава која што тој претходно ја испратил од затворот во оваа фаза од постапката нема доказна вредност. Според нив, Основното јавно обвинителство Скопје има доволно цврсти докази за Палевски и останатите обвинети за убиствата.

Пред судот сведочеа и припадници на интервентната полиција сведочеа како обвинетиот Велибор Манев ги однел до местото каде што било закопано телото на убиениот велешанец Панче Жежовски.

„Колегите почнаа да разговараат со Велибор. Потоа се движевме со возила до одредено место, а потоа продолживме пеш по земјен пат каде што Велибор им кажа на полицајците дека тука има закопано човек”, посочи еден од полицајците. 

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 16 декември.  

Кој е Љупчо Палевски, осомничениот убиец на Вања Ѓорчевска

01:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми