1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Манев контра Лога: Нема злоупотреби во кумановскиот суд

ДТЗ
12 јули 2023

Од кумановскиот суд и од Министерството за правда различно ги толкуваат извештаите за работењето и архивирањето на предметите. Кој е во право?

судија
Претседателката на кумановскиот суд тврди дека нема злоупотреби на АКМИС системотФотографија: Fotolia/uwimages

Претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев тврди дека нема злоупотреби со АКМИС системот, наспроти обвинувањата на Министерството за правда, кое вчера повторно повика Судскиот совет да постапи по забелешките од извештајот за работата на кумановскиот суд. Еден ден по пожарот, кој ја зафати судската архива која што се наоѓала во подрумските простории, Манев повикува на извештај на Министерството за правда, во кој немало никакви забелешки за работата. 

„Веќе еднаш изјавив и сега ќе кажам дека тоа е целосна невистина, не е таков податок каков што е. Министерството за правда, минатиот месец направи контрола во судот и на екипата од Министерството за правда која беше во овој суд во контрола на сите им се врачени решенија, посочени им се сите предмети од АКМИС системот и конечно имаме извештај од нив каде што нема никаква забелешка. Зошто министерот дава такви изјави, навистина не знам“, изјави Манев во изјавата која што ја пренесува МИА. 

Што покажал надзорот? 

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда (МП) последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го извршила на 6 јуни годинава при што го задолжила Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор.

Министерството за правда, пак, информираше дека било констатирано дека судската архива е сместена во подрумските простории, архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година и нема континуирано архивирање на предмети.

Министерството за правда барало Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор.Фотографија: DW/P. Stojanovski

„Овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање“, наведуваат од министерството на Кренар Лога.

За време на надзорот од страна на в.д претседателката на судот била истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата. Но, Комисијата сметала дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува.

Министерството за правда во вторникот (11.07) информираше дека изминативе месеци четири пати испратил писма до Судскиот совет со цел да се утврди одговорност на в.д претседателката на Основниот суд Куманово, Снежана Манев, откако на почетокот на годинава биле констатирани злоупоПревирања во Управниот суд - кривична пријава за претседателот Сејдинитреби на АКМИС системот.

Тие се повикаа на извештај на Судскиот совет кој бил во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари, при што биле констатирани „низа нарушувања на угледот на судиската функција, груби повреди на начелото на недискриминација по која било основа, користење на несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените, како и злоупотреба на АКМИС системот“.Од увидот на предметите во работната група било констатирано долго траење и одолговлекување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите.

Противпожарна стража до увидот во судот

Ваквите обвинувања следат по пожарот кој избувна во подрумот на судот, каде што се чувале стари предмети. Увидот кој треба да ги утврди причините за избувнувањето на огнот е одложен додека не се создадат услови за тоа, поради што пред судот ќе има противпожарна стража во текот на целиот ден. Пожарот во кумановскиот суд избувна во вторникот во 01.35 часот по полноќ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми