1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателски избори без вистински избор во Иран

ЖА
28 јуни 2024

На почетокот на изборите за претседател во Иран, ајатолахот Али Хамнеи упати повик до 61 милион избирачи да излезат на гласање. Но, поради незадоволството на населението се очекува мала излезност.

Иран избори за претседател
Кандидатите за претседател на Иран се верни следбеници на верскиот и политички лидер на земјатаФотографија: Morteza Nikoubazl/NurPhoto/picture alliance

Во Иран почнаа изборите за нов претседател. Избирачките места беа отворени во петокот наутро во 8 часот (по локално време; 6:30 часот по средноевропско време). Околу 61 милион Иранци се повикани да го дадат својот глас.

На почетокот на изборите за претседател во Иран, ајатолахот Али Хамнеи упати повик до граѓаните со право на глас да излезат на гласање. Верскиот и политички лидер на земјата денеска истакна дека високата излезност на изборите е нужна и е во корист на земјата. Но, во време на растечко незадоволство од економската ситуација, експертите очекуваат  мал одзив на гласачите.

Ултраконзервативниот Совет на чувари  одобри шест кандидати,  од кои само четворица останаа на гласачкото ливче, откако двајца ултраконзервативни кандидати ги повлекоа своите кандидатури. За фаворити важат претседателот на парламентот Мохамед Бакер Калибаф, поранешен командант на Револуционерната гарда, како и поранешниот посредувач во преговорите за  иранската атомска програма,  Саид Џалили.

Во мај, претходниот претседател, Ебрахим Раиси, загина во хеликоптерска несреќа. Изборите, првично планирани за 2025 година, затоа мораше да бидат предвремно одржани. Новите избори доаѓаат во турбулентни времиња: ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ги зголеми тензиите во регионот и земјата се бори со економските ефекти од меѓународните санкции.

Претседателот на Иран е надлежен за дневната политика, додека за сите важни работи и одлуки во државата, како атомската и надворешната политика, главниот збор го има ајатолахот. Тој е и главен заповедник на војската. Токму затоа од денешниот избор за претседател  не се очекуваат поголеми промени  во иранската политика. Идниот претседател меѓутоа може да стане наследник на ајатолахот Али Хамнеи, кој на функцијата е од 1989 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми