1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Русија: Претседателски избори и во окупираните области

СН/агенции
11 декември 2023

Русија се подготвува за претседателски избори во март. Гласање ќе има и во насилно припоените области во Украина, одлучи руската државна изборна комисија.

Доњецк: Во септември 2023 година, регионални избори под руска команда веќе се одржаа во бесправно анектираните области во Украина
Доњецк: Во септември 2023 година, регионални избори под руска команда веќе се одржаа во бесправно анектираните области во УкраинаФотографија: AP/dpa/picture alliance

Руските претседателски избори ќе се одржат на 17 март наредната година и на териториите окупирани од Русија, на истокот и на југот на Украина, одлучи денеска руската изборна комисија.

Членовите на руската Централна изборна комисија усвоија резолуција со која го одобруваат тоа. Во 2023 година, регионални избори под руска команда веќе се одржаа во бесправно анектираните области.

Русија веќе организираше избори на тие територии - Запорожје, Керсон, Доњецк и Луганск, кои ги анектираше во септември 2022 година, а кои делумно се под нејзина контрола.

Централната изборна комисија на Руската Федерација, по консултации со Министерството за одбрана, ФСБ на Русија и лидерите на четирите нови региони, одлучи да се одржат претседателски избори на териториите на новите конститутивни ентитети на Руската Федерација. 

Минатата недела горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерацијата, го одреди датумот на претседателските избори за 17 март 2024 година. Претседателот Владимир Путин веќе изјави дека ќе се кандидира повторно - по петти пат.

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се кандидира за петти мандатФотографија: picture alliance / ASSOCIATED PRESS

Лидерот на Кремљ кој е на власт речиси 24 години претходно најави дека сака на претседателските избори да се гласа и во окупираните области во Украина. 

Киев остро реагираше и ги прогласи руските избори на 17 март 2024 година за „ништовни и неважечки“ и вети дека ќе ги гони сите набљудувачи што ќе го следат гласањето  Русија, која води агресорска војна против Украина од февруари 2022 година, тврди дека ги анектирала регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон по  референдумите таму во минатата година. Киев и меѓународната заедница не ја признаваат анексијата. Москва не контролира целосно ниту еден од регионите. Во 2014 година, Русија го окупираше и Крим.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми