1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

ДТЗ
21 февруари 2024

Партиите ги обелоденија кандидатите со коишто ќе се обидат да ја освојат довербата на гласачите на пролетните избори за претседател на државата.

Nordmazedonien: Präsident Stevo Pendarovski im Pressekonferenz.
СДСМ застана зад Пендаровски, Силјановска - Давкова ја бара поддршката на ВМРО-ДПМНЕФотографија: Präsidentenbüro Nordmazedonien

Партиите ги обелоденија кандидатите со коишто ќе се обидат да ја освојат довербата на гласачите на пролетните избори за претседател на државата. Претседателот Стево Пендаровски ќе се кандидира за втор мандат на изборите коишто треба да се одржат на 24 април, откако ја доби довербата на раководството на СДСМ. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. 

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова,пак, се пријавила на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 2 март.

Силјановска - Давкова е актуелен пратеник во Собранието, а беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година, кога победи Пендаровски. 

Во трката за претседател влегува и лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. 

Владиниот коалиционен партнер ДУИ најави дека утре ќе го соопшти својот претседателски кандидат. Во медиумите веќе се појавија информации дека во трката влегува шефот на дипломатијата, Бујар Османи. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми