1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Превирања во Управниот суд- кривична за Сејдини

ДТЗ
10 јули 2023

Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, доби кривична пријава од вработените поради сомнение за злоупотреба на службената должност. Тој тврди дека целта е да се наруши неговиот углед

Суд
Превирања и во Управниот суд - како се распределувале предмети и зошто е дозволено нивно застарување?Фотографија: Volker Hartmann/dpa/picture alliance

Превирања и обвинувања го тресат и Управниот суд во Скопје. Претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини доби кривична пријава од вработените поради сомнение за злоупотреба на службената должност. Тој денеска ги отфрли обвинувањата дека бил злоупотребен АКМИС системот, како и дека намерно биле застарувани предмети. Тврди дека станува збор за обид да се наруши неговиот и имиџот на институцијата.

„Одговорно тврдам дека во Управниот суд немало, ниту ќе има рачна распределба на судски предмети додека јас ја водам оваа институција. Ниту јас, ниту некој друг не можеме да знаеме кога некој предмет ќе застари за даноци или од царини. Ретки се случаите на застарување на даночните и царинските предмети. Ова се случува само кога ќе помине 10-годишниот рок на апсолутна застареност“, вели Сејдини. 

Дали се чувале предмети во фиока? 

Ваквата реакција следи откако Алсат објави дека имало анонимни пријави од вработени дека Сејдини намерно чувал во фиока 190 предмети, главно финансиски случаи од Царината и од Управата за јавни приходи за периодот од 2021 до 2023 година, за тие да застарат и со тоа била нанесена штета на државата од околу милион евра. Сејдини, меѓудругото и незаконски вработил две лица во судот кај кои постоел конфликт на интереси.

Кривичната пријава е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата и на уште неколку адреси. Антикорупциската комисија веќе формирала предмет за претседателот на Управен суд и ги анализира обвинувањата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми