1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц е за депортација на тешки криминалци во Авганистан

СН/агенции
6 јуни 2024

Во својата владина изјава пред Бундестагот, германскиот канцелар јасно стави до знаење: повторно треба да биде возможна депортација на тешки криминалци во Авганистан и во Сирија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето во Бундестагот  се осврна на три главни теми: неодамнешното убиство со нож на полицаец од барател на азил , масовните поплави што ја погодија јужна Германија во текот на викендот и актуелниот став на Германија за војната во Украина .
Германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето во Бундестагот се осврна на три главни теми: неодамнешното убиство со нож на полицаец од барател на азил , масовните поплави што ја погодија јужна Германија во текот на викендот и актуелниот став на Германија за војната во Украина .Фотографија: Sabina Crisan/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се обрати до Долниот дом на парламентот, Бундестагот, со таканаречена владина изјава за националната безбедност.

Шолц започна осврнувајќи се на неодамнешната смрт на германскиот полицаец кој минатата недела беше избоден со нож од 25-годишен авганистански државјанин, велејќи дека трагедијата „не погоди сите во срцето“.

Тој потоа продолжи со она што го опиша како мизантропска идеологија: „радикалниот ислам... тероризмот... сака да ни ја одземе слободата. Без тие слободи немаме демократија“.

Тој рече дека законите против таквото насилство мора да се направат построги и дека оние кои убиваат полицајци мора да бидат казнети со сета строгост.

Полицајци во Манхајм му оддаваат почит на загинатиот колегаФотографија: Thomas Frey/dpa/picture alliance

Потоа се осврна на спорното прашање за депортацијата на мигрантите, велејќи дека е „згрозен од тоа дека некој кој што бара засолниште во Германија ќе изврши злосторства [како во нападот со нож во Манхајм]“, додавајќи дека таквите лица мора да бидат депортирани.

Прашањето дали Германија треба или не треба да продолжи со протерувања во земји како Авганистан и Сирија беше жестоко дебатирано, при што оние од левата страна беа против, а оние од десницата за.

Шолц ја призна таквата загриженост, но сепак вети дека ќе ги зајакне законите кои дозволуваат брза депортација на криминални мигранти во земји кои претходно се сметаа за небезбедни. „Националната безбедност тежи повеќе од правата на индивидуалните баратели на азил“, рече тој.

Шолц, исто така, ја истакна потребата од повеќе полиција и вети дека ќе ги ускрати германските пасоши на познатите исламисти или антисемитисти, ветувајќи став за „нулта толеранција“ кога станува збор за депортирање на такви лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми