1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Пригожин му се заканува на Путин со повлекување од Бахмут

ЕМФ | агенции
6 март 2023

Основачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, ѝ се заканува на владата во Москва со повлекување од украинскиот град Бахмут.

Евгениј Пригожин, шеф на платеничката група Вагнер
Евгениј Пригожин, шеф на платеничката група ВагнерФотографија: Konkord Company Press Service/ITAR-TASS/IMAGO

Доколку трупите Вагнер не добијат муниција, тие ќе се повлечат од опколениот украински град Бахмут, се заканува шефот на руските платеници Евгениј Пригожин.

„Ако Вагнер сега се повлече од Бахмут, ќе се распадне целиот фронт“, вели Пригожин во видео објавено на Телеграм. „Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации кои ги штитат руските интереси“, се заканува Пригожин.

Видеото е објавено на канал кој шири вести на Пригожин и се поврзува со групата Вагнер. Пригожин тврди дека голем дел од муницијата која во февруари им била ветена на неговите трупи, сѐ уште не е испорачана. „Во моментов се обидуваме да откриеме што е причина за тоа - дали се работи за вообичаената бирократија или за предавство.“

Шефот на платениците на Вагнер редовно ги критикува генералите на врвот на руската армија и луѓето на високи позиции во руското Министерство за одбрана.

Од украинска страна вчеравечер е соопштено дека руските трупи „не престануваат да го напаѓаат Бахмут и околните места“. Генералштабот на украинската армија, меѓутоа, не дава податоци за евентуално освојување или загуба на територија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми