1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приказна за Холанѓанката која живее во БиХ

02:01

This browser does not support the video element.

Абдулах Хоџиќ
24 август 2023

Погледнете ја инспиративната приказна за Естер, Холанѓанка која ја „прегрна“ Босна и Херцеговина и ја прифати како свој дом, подарувајќи им љубов и внимание на сите околу себе. #dw_BalkanBooster

Естер Валбург е половина Французинка, половина Холанѓанка. Живее во Босна и Херцеговина. Дошла кај пријателка пред 15 години и останала да работи поради љубовта за работа со деца. Регистрирана е во коњичкиот клуб Пегаз, каде што е задолжена за благосостојбата на децата за време на камповите.

„Секоја земја има проблеми. Не постои совршена држава. Едноставно мора да ги изберете проблемите со кои ќе живеете. На пример, голем дел од моето семејство живее во Обединетото Кралство, но решив дека не можам да го толерирам нивното време и храна. Од друга страна, ја сакам Босна поради многу причини“, вели Естер и додава:

„Луѓето често ме прашуваат кога одам дома. Мојот стандарден одговор е - вечерва. Затоа што сакам да кажам: 'Дом е таму каде што ти се работите.' А сите мои работи се тука. “ 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми