1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Утре треба да бидат ослободени нови израелски заложници

СН | агенции
31 јануари 2025

Откако неколку заложници можеа да се вратат во Израел во четвртокот, следната група се очекува да биде ослободена во сабота. Хамас му ги достави на Израел трите имиња.

Израелска залижничка опкружена со припадници на Хамас
Израелска залижничка опкружена со припадници на ХамасФотографија: Omar Al-Qattaa/AFP

Израел добил список со имињата на тројцата заложници кои во сабота треба да бидат ослободени од  паленстинската милитантна група Хамас во Појасот Газа. Израел го разгледува списокот и ги информира семејствата на погодените, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Хамас го потврди ова и ги објави имињата на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени во сабота како дел од договорот за прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

„Како дел од договорот за размена на затвореници, Офер Калдерон, Кит Самуел Зигел и Јарден Бибас ќе бидат ослободени во сабота“, рече Абу Убеида, портпарол на палестинската група.

Калдерон имал 52 години кога бил киднапиран од Кибуц Нир Оз заедно со неговиот син Ерез, кој тогаш имал 11 години, и неговата ќерка Сахар, која имала 16 години. Ерез и Сахар беа ослободени за време на првиот прекин на огнот во ноември 2023 година.

Оваа Тајланѓанка се радува на ослободувањето на нејзиниот син кој преку 15 месеци беше во заложништво на ХамасФотографија: Napat Wesshasartar/REUTERS

Сигел, израелско-американски државјанин, бил однесен од неговиот дом во Кибуц Кфар Аза. Неговата сопруга Авива, која беше киднапирана со него, беше ослободена во ноември 2023 година како дел од краткотрајниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Бибас бил киднапиран од Кибуц Нир Оз заедно со неговата сопруга Шири и двата сина Кфир и Ариел. Кфир имал само девет месеци кога бил киднапиран и е најмладиот заложник.

Во рамки на првата фаза од договорот, која трае 42 дена, 33 израелски затвореници ќе бидат ослободени во замена за ослободување меѓу 1.700 и 2.000 палестински затвореници од израелските затвори.

Хамас во четвртокот ослободи тројца Израелци и пет Тајланѓани во Газа, додека Израел ослободи 110 палестински затвореници. Тоа беше трета размена од ваков вид откако договорот стапи на сила на 19-ти јануари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми