1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Примирјето во Газа се почитува - Палестинците се враќаат

СН/агенции
11 октомври 2025

ОН се подготвува да ги зголеми испораките на помош во Газа, додека десетици илјади раселени Палестинци се враќаат дома. Остануваат многу прашања околу одржливоста на мировниот план на Трамп за Газа.

Долга колона луѓе одат кон градот Газа кој е во урнатини
Многу жители на Газа за новинските агенции изјавија дека се вратиле дома и нашле само урнатиниФотографија: Rizek Abdeljawad/Xinhua/IMAGO

Илјадници Палестинци се враќаат во своите станбени области во Појасот Газа по стапувањето во сила на прекинот на огнот меѓу Израел и радикалниот исламистички Хамас. Денеска, пеш, со автомобили и со колички, тие се движеа првенствено кон север, кон главно уништената крајбрежна област. Претходно, израелските трупи, како дел од првата фаза од договорот постигнат со посредство на САД, се повлекоа зад договорените линии. „Чувството е неописливо, фала му на Бога“, рече Набила Басал, која беше на пат со својата ќерка. „Многу, многу сме среќни што војната запре и што заврши страдањето“.

Со повлекувањето на израелските трупи од главните урбани области, започна рок од 72 часа за Хамас да ги ослободи своите заложници. „Многу сме возбудени и го чекаме нашиот син и сите 48 заложници“, рече Хагај Ангрест, чиј син е меѓу 20-те израелски заложници за кои се верува дека уште се живи. „Чекаме повик“. За возврат, по предавањето на заложниците, Израел треба да ослободи 250 Палестинци со долги затворски казни, како и 1.700 затвореници кои беа заробени за време на војната.

Денот кој го промени Блискиот Исток

02:23

This browser does not support the video element.

Исто така, според договорот, стотици камиони со хуманитарна помош секој ден треба да влегуваат во Појасот Газа.

Иднината на мирот и улогата на Трамп остануваат неизвесни

Сепак, остануваат прашањата дали примирјето и размената ќе доведат до траен мир. Основата е планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сè уште не е целосно договорен. Тој се однесува на идното управување во Појасот Газа и судбината на Хамас, кој го отфрла барањето на Израел за разоружување.

Наскоро се очекува Трамп да го посети регионот. Меѓу другото, треба да одржи говор пред израелскиот парламент, Кнесетот, како прв претседател на САД по Џорџ В. Буш во 2008 година. Трамп, исто така, најави патување во Египет.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми