1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приватните превозници нудат компромис или нови блокади

ДТЗ
2 декември 2022

На градоначалничката Данела Арсовска и порачаа дека се подготвени да се вратат на работа оној момент кога ќе им биде исплатен долгот, или барем дел од него. Во спротивно најавуваат помасовни блокади

Скопје блокада приватни превозници
Приватните превозници нудат компромис или нови блокади од идната неделаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Приватните превозници кои во петокот ги паркираа автобусите пред Град Скопје и го блокираа булеварот Илинден, ѝ понудија компромис на градоначалничката Данела Арсовска и порачаа дека се подготвени да се вратат на работа оној момент кога ќе им биде исплатен долгот,или барем дел од него. 

„Доколку имаме некакви сигнали или некаков одговор и решение од целата оваа ситуација со овој наш предлог на кој инсистираме да биде прифатен, може да кажеме дека протестите ќе бидат прекинати“, изјави Ленин Јовановски од „Слобода превоз“. Во спротивно се најавува помасовна блокада в понеделник на повеќе крстосници, кај „Мавровка“ и „Црвен крст“ и целосната блокада на булевар „Илинден“. 

Се најавува помасовна блокада в понеделник на повеќе крстосници, кај „Мавровка“ и „Црвен крст“ и целосната блокада на булевар „Илинден“.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Можни решенија 

Јовановски информираше дека на средбите со претставниците на приватните превозници разговарале за можните решенија да се извлече и Градот Скопје и граѓаните да не страдаат поради ваква криза. Тој побара Советот на Град Скопје да му одобри средства на ЈСП со што ќе се раздолжи кон приватните превозници.

„Тоа не мора да биде целиот долг, ќе го почекаме за 20 дена новиот буџет за да се раздолжи остатокот. Не бараме ништо повеќе“, рече Јовановски.

Градоначалничката Данела Арсовска не ги прими ниту денеска приватните превозници да ги сослуша нивните барања. Од Град Скопје вчера соопштија дека го прекинуваат договорот со приватните превозници од „Слобода превоз“ поради неисполнување на обврски што произлегуваат од договорот. Од Градот најавија дека од следна недела ќе биде објавен јавен повик на кој ќе можат да се пријават сите приватни превозници, со цел поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми. 

Градоначалничката Данела Арсовска не ги прими ниту денеска приватните превозници да ги сослуша нивните барања.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Обвинувања 

Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ и Арсовска стојат зад хаосот во Скопје и побараа градоначалничката веднаш да си замине од функцијата. „Граѓаните за прв пат немаат јавен превоз, додека претпријатијата се пред колапс, а долговите растат, Арсовска наместо да се фати за работа и да  ги реализира проектите од програмата за Модерно Скопје за кои скопјани дадоа поддршка, се среќава на тајни средби со Димитар Ковачевски и СДС“, порачаа од опозицијата. 

Од СДСМ, пак, им  возвратија дека „неспособноста на локалната власт во Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос и нефункционалност, јавниот превоз е во колапс“. „Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, неодамна Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз. Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше“, велат од партијата.

Скопјани поради редуцираните автобуси, се приморани долго да чекаат на студот и со задоцнување да стигнат на работа или на училиште. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

На Скопје повеќе од еден месец му се случува сообраќаен хаос и блокирани улици. По блокадите на автобусите на ЈСП, кои го оставија градот еден без јавен превоз, сега и приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје. Градоначалничката Арсовска ги раскина договорите со приватните превозници,  но тоа само ја ја влоши состојбата со јавниот превоз. Скопјани поради редуцираните автобуси, се приморани долго да чекаат на студот и со задоцнување да стигнат на работа или на училиште. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми