1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Проценка: Близу половина милион жртви во војната во Украина

СН/агенции
19 август 2023

Речиси година и половина трае руската агресорска војна против Украина. Црниот биланс сега се приближува до тажна бројка- 500.000 загинати или ранети на двете страни, велат американските проценки.

Украински војници во контраофанзивата против руските окупатори, која се смета за главна причина за засилениот растот на жртвите во војната
Украински војници во контраофанзивата против руските окупатори, која се смета за главна причина за засилениот растот на жртвите во војнатаФотографија: Diego Herrera Carcedo/AA/picture alliance

Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, приближно половина милион војници од двете страни се убиени или ранети, се вели во извештајот на американскиот весник  „Њујорк Тајмс“,  кој се повикува на проценките на неименувани американски претставници.

Оваа бројка осначува значителен раст на бројот на жртви годинава по интензивните борби во источниот дел на земјата.

Руските воени жртви се приближуваат до 300.000, вклучувајќи 120.000 загинати и 170.000-180.000 ранети, наведува Њујорк Тајмс.
Според американските проценки кои ги објавува весникот, украинската војска има приближно 70.000 мртви и 120.000 ранети.

Киев: Само Генералштабот има надлежност да го објавува бројот на жртвите

Сепак цитираните американските претставници предупредиле дека е тешко да се процени бројот на жртвите бидејќи сметаат дека Москва редовно молчи или кога објавува податоци го намалува бројот на загинати и на ранети во војната, а Киев не ги објавува официјалните податоци.

Украински воени вдовици – заедно во болката

00:58

This browser does not support the video element.

Михаило Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека само Генералштабот може да ги открие таквите бројки.
„Усвоивме модел според кој само Генералштабот има надлежност да ги кажува бројките за ранетите, инвалидите, луѓето кои изгубиле екстремитети и исчезнатите и, се разбира, бројот на луѓе кои загинале во оваа војна“, изјави тој на Јутуб каналот на новинарката Јулија Латинина во петокот.
Русија сѐ уште нема дадено коментар за извештајот. 

Илјадници загинати и повредени во контраофанзивата

Во ноември, началникот на Генералштабот на војската на САД,Марк Мајли изјави дека бројот на загинати или ранети војници на секоја од двете страни е повеќе од 100.000. Според „Њујорк тајмс“, бројките нагло се зголемиле во зима и напролет, а како причина, во извештајот, се наведуваат повеќемесечни жестоки борби за Бахмут во источна Украина. Покрај тоа, илјадници украински војници се убиени или ранети за време на актулната контраофанзива, истакнале американските претставници кои ги цитира весникот. 

Украина речиси 18 месеци се брани со помош на Западот од руската агресорска војна која започна на 24 февруари 2022 година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми