1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБоливија

Конзервативецот Паз победи на изборите во Боливија

ЕМФ / афп
20 октомври 2025

Сенаторот од редовите на демохристијаните Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија. Со тоа завршуваат две децении левичарски влади во земјата.

Маж со крената рака и венец од цвеќиња околу вратот (новоизбраниот претседател на Боливија, Родриго Паз)
Родриго Паз освои 54,6 проценти од гласовите во вториот круг од изборитеФотографија: Jorge Mateo Romay Salinas/Anadolu/picture alliance

Конзервативецот Родриго Паз е победник на претседателските избори во Боливија. Тој освои 54,6 проценти од гласовите во вториот круг од изборите. Негов ривал беше десничарски настроениот Хорхе „Туто“ Кирога.

Победникот на изборите вети дека ќе ја отвори својата земја на меѓународната сцена: „Боливија се враќа чекор по чекор на меѓународната сцена (...). Мораме да ја отвориме Боливија кон светот и повторно да преземеме улога“, им рече новоизбраниот претседател на поддржувачите во метрополата Ла Паз, каде што се наоѓа боливиската влада.

Во текот на двете децении во кои на власт се левичарски влади, особено драматично се влошија односите на  Боливија со Соединетите Американски Држави. Во 2008 година, владата на претседателот Ево Моралес, избран две години претходно, го протера американскиот амбасадор, што резултираше со прекин на дипломатските односи со Вашингтон. Во мандатот на претседателот Луис Арсе, кој е на власт од 2020 година, односите не беа обновени - наместо тоа, тој воспостави економски и политички врски со Венецуела, Кина, Русија и Иран.

Предизвиците со кои се соочува Паз се огромни. Боливија ја доживува својата најлоша економска криза во последните 40 години. Долгите редици за гориво станаа секојдневие во Боливија. Годишната стапка на инфлација во земјата е над 20 проценти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми