По рацијата во неговиот имот на Флорида, поранешниот претседател на САД бара независна проверка на, како што се јавува, над 300 запленети доверливи документи. Ова може да ги блокира истражителите да пристапат до нив.
Реклама
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, поднесе тужба против американската влада поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро (ФБИ) во прегледување на материјалите кои пред две недели агенцијата ги заплени во неговата куќа на Флорида, сѐ додека не се именува специјален ополнимоштеник кој ќе ја надгледува оваа работа.
Трамп во тужбата, поднесена во понеделникот во федералниот суд во Вест Палм Бич на Флорида, бара од американското Министерство за правда да му достави и детален список за предметите кои ФБИ ги запленил од неговата куќа во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август, како и истражителите да му ги вратат сите оние кои ги надминуваат рамките на налогот за претрес.
„Не може да се дозволи политиката да влијае на спроведување на правдата... Спроведувањето на законите не може да се користи како оружје во политички цели“, се наведува во тужбата на Трамп.
Понекогаш во многу чувствителни случаи, од страна на судот може да се именува посебен управник, најчесто пензиониран судија или адвокат, кој ќе ги разгледа запленетите материјали и ќе обезбеди истражителите да не ги прегледаат заштитените информации.
Претресот на куќата на Трамп од 8 август претставува значителна ескалација во една од многуте федерални и државни истраги со кои тој се соочува, и кои се однесуваат на времето кое тој го помина на функција, како и на неговиот приватен бизнис.
Американската влада пронајде над 300 доверливи документи во Мар-а-Лаго, вклучувајќи материјали на ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и на ФБИ, извести вчера Њујорк тајмс, повикувајќи се на повеќе извори кои се известени за тоа прашање.
Како течеше упадот на поддржувачите на Трамп во Капитол
Доналд Трамп, сѐуште актуелен претседател, долго ги подбуцнуваше своите најверни симпатизери. Последица: некои од нив на 6.01.2021 упаднаа во срцето на американската демократија.
Фотографија: Leah Millis/REUTERS
Создавање набој
Бројот на фанатични поддржувачи на Трмап пред Конгресот во САД растеше преку цел ден. Во почетокот, полицијата успеваше да одржува ред.
Фотографија: Olivier Douliery/AFP/Getty Images
Први судири
Паралелно со заедничката седница на двата дома на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом, на која требаше официјално да биде потврдена победата на Џо Бајден на претседателските избори, пред Капитол се собираа приврзеници на поразениот претседател Доналд Трамп. Дојде до први судири со полицајците кои требаше да го обезбедуваат Конгресот.
Фотографија: Stephanie Keith/REUTERS
Преслаб кордон
Сѐ поразјарената толпа сакаше да продре во Капитол. Полицајците се обидуваа да ги спречат. На некои агресивни поддржувачи на Трамп им успеа да влезат во зградата.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Упад во Капитол
Дел од демонстрантрантите успеаја да продрат длабоко во зградата, дури до вратите на Сенатот.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Одбрана на последниот бастион
Обезбедувањето се обидуваше да ги држи во „шах“ насилниците во влезната хала. Политичарите во Сенатот низ задна врата беа изведени на безбедно место.
Фотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance
Еден се проби
Во меѓувреме, еден од приврзениците на Трамп успешно се проби покрај полицајците и упадна во Сенатот. Од трибината за посетители тој скокна во пленарната сала.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Со пиштоли спремни за пукање
Истите слики се повторуваа во другите крила на Капитол. И Претставничкиот дом беше цел на натрапниците. Припадниците на обезбедувањето на Конгресот ги запираа - со вперени пиштоли.
Фотографија: J. Scott Applewhite/AP Photo/picture alliance
Непријателско преземање?
Симпатизерите на Трамп навлегуваа сѐ подлабоко во зградата, сѐ до ходниците со канцелариите на Конгресот. Таму некои се распослаа на работните маси на пратениците.
Фотографија: Saul Loeb/AFP/Getty Images
Надвор од контрола
Еден од натрапниците го „присвои“ и пултот за говор на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и со него се шеташе низ Капитол. Никој не го запре.
Фотографија: Win McNamee/Getty Images
Во засолниште
Пленарните сали беа евакуирани. Некои побараа засолниште во галеријата на Претставничкиот дом. Репортерите сведочеа дека биле поделени гас-маски, како заштита од солзавец.
Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance
Солзавец врз Конгресот
На силите на безбедноста не им остана ништо друго освен да ја растурат разулавената толпа, употребувајќи солзавец.
Фотографија: Andrew Caballero-Reynolds/AFP/Getty Images
Засилувањето го оконча хаосот во Капитол
Полициските сили добија засилување, Националната гарда поита во помош, а градоначалничката на Вашингтон воведе полициски час до раните утрински часови. Така во Вашингтон ноќта полека се врати мирот.
Фотографија: Spencer Platt/Getty Images
12 фотографии1 | 12
Претресот на ФБИ е дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски ги земал документите кога ја напуштил функцијата во јануари 2021 година, откако загуби на претседателските избори од демократскиот кандидат Џо Бајден.
За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети класифицирани материјали, од кои некои се означени како „строго доверливи“, што е највисоко ниво на доверливост резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и кои се достапни само во специјални владини објекти.