1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрузија

Контроверзна промена на шефот на државата во Грузија

ЖА
14 декември 2024

Владејачката партија во Тбилиси го избра ултрадесничарскиот Михаил Кавелашвили за претседател, без директни избори. Неговата проевропска претходничка Зурабишвили не го признава изборот и повикува на протест.

Грузија  Михаил Кавелашвили
Изборното собрание во Грузија го избра ултрадесничарскиот екс-професионален фудбалер Михаил Кавелашвили за нов шеф на државатаФотографија: Georgian Dream party/dpa/picture alliance

И покрај тековните протести, изборното собрание во Грузија го избра ултрадесничарскиот екс-професионален фудбалер Михаил Кавелашвили за нов шеф на државата. 53-годишниот кандидат од владејачката партија Грузиски сон немаше конкуренти. Пратеник е од 2016 година.

Поради уставниот амандман усвоен во 2017 година, за прв пат претседателот повеќе не беше избиран директно од народот, туку од 300-члено тело составено од пратеници и локални политичари.  Опозицијата го бојкотираше гласањето.  Бидејќи опозицијата не ги признава резултатите од парламентарните избори на крајот на октомври, по кои владејачката партија доби мнозинство, нејзините пратенички места на пленарната седница останаа празни.

Додека владиниот табор ја планира инаугурацијата на новиот шеф на државата за 29 декември, актуелната претседателка Саломе Зурабишвили исто така најави дека нема да го прифати гласањето на изборното собрание за нејзин наследник. Зурабишвили учествуваше во проевропските протести кои траат со недели, заедно со десетици илјади луѓе.

Грузијците со денови протестираат против прорускиот курс, во последните денови имаше жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантитеФотографија: Nicolas Liponne/MAXPPP/dpa/picture alliance

Митинзите продолжија и оваа сабота. Бројни учесници се собраа пред затворената зграда на парламентот во главниот град Тбилиси. Во последните денови имаше  жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите.  Полицајците употребија водени топови и солзавец, неколку  стотици луѓе беа уапсени.  На сметка на безбедносните сили се упатени сериозни обвинувања за прекумерна употреба на сила и можна тортура. Про-ЕУ демонстрантите не сакаат да завршат во прегратките  на Русија.

Демонстрантите ја обвинуваат власта за  изборна измама.  Во исто време, тие го обвинуваат премиерот Иракли Кобачиџе и неговата партија Грузискиот сон дека сакаат да ја водат поранешната советска република во прегратките на Русија. На крајот на ноември, владата на кавкаската република објави дека ќе  ги суспендира пристапните преговори со Европската унија до 2028 година.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми