1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Скопје - се бараат плати за достоинствен живот

ДТЗ
24 ноември 2023

Незадоволството поради зголемувањето на функционерските плати за 78% резултираше со низа протести. На улица во Скопје излегоа администрацијата и неколку синдикати.

протести УПОЗ Скопје
Се редат протести и барања за зголемување на платитеФотографија: DW/Petr Stojanovski

Протести го блокираа главниот град во Северна Македонија. На улиците во Скопје незадоволството денеска (24.11) го изразија вработените во судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство и од Канцеларијата на Народниот правобранител кои бараат повисоки плати за достоинствен живот.

Врие и меѓу здравствените работници, коишто преку синдикатот побараа менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените.

Протести го блокираа главниот град во Северна МакедонијаФотографија: DW/Petr Stojanovski

Се бара поддршка за покачување на платите

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на протест пред Собранието ги повика пратениците од сите политички партии, пред кои веќе е предлог-буџетот за 2024 година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите.

Поддршка на протестот дадоа повеќе административни службеници од повеќе синдикати. Вработените од судската и јавнообвинителската служба штрајкуваат од 27 септември. Бараат исплата на додатоците на плата и зголемување на платите за 78 проценти - колку што беа зголемени платите на функционерите. 

​​​​​​На улиците во Скопје незадоволството го изразија вработените во судската и јавнообвинителската служба, Фондот за здравство и од Канцеларијата на Народниот правобранител кои бараат повисоки платиФотографија: DW/Petr Stojanovski

Во исто време на предупредувачки штрајк излезе и Синдикалната организација на Судскиот Совет, со барање да им бидат вратени додатоците на плата, укинати од март годинава.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, во изјава за медиумите посочи дека додатоците на плата кои што им следуваат согласно Колективниот договор, биле укинати во март годинава. Преговорите за мирно решавање на спорот истекуваат на 3 или 4 декември, по што се најавува генерален штрајк.

Учесниците на протестот побараа плати за достоинствен животФотографија: DW/Petr Stojanovski

Додатоци, бенефициран стаж....

Покачување на платите за 30 отсто е главното барање на членовите на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) кои протестираа пред Министерството за здравство. Тие најавија протест пред Владата на 2 декември ако во меѓувреме не бидат повикани на средба во Министерството за здравство. 

Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски, изјави дека бараат и менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми