1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Бугарија против украинското жито

ЕМФ / дпа
18 септември 2023

Бугарските земјоделци блокираат патишта во знак на протест против увозот на жито и други прехранбени производи од Украина.

Bulgarien Protest der Landwirte am 18. September 2023
Фотографија: BGNES

Земјоделците во Бугарија блокираат автопати во знак на протест против увоз на украинско жито. Се протестира и на патиштата кои водат до граничните премини кон Романија и Грција. Протестите се предизвикани од укинувањето на петмесечната забрана за увоз на украински житни производиво Бугарија.

Земјоделците стравуваат од конкуренција, односно увоз на поевтини производи. Тие бараат Бугарија, слично како Полска, Унгарија и Словачка, и натаму да забранува увоз на пченица, сончоглед, пченка и маслодајна репка од Украина.

Земјоделците се закануваат дека ќе ја блокираат и СофијаФотографија: BGNES

Освен тоа, бараат и забрана за увоз на масло за јадење, овошје и зеленчук, млеко и млечни производи, месо и мед од Украина. Демонстрантите се закануваат дека утре (19.09) со своите земјоделски машини ќе ја блокираат Софија.

Бугарскиот премиер Николај Денков во врска со протестите на земјоделците вчера изјави дека „нема да преговара со терористи“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми