1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаХоландија

Протести во Холандија по победата на Вилдерс

ЕМФ | агенции
24 ноември 2023

Стотици луѓе во Амстердам излегоа на протести против десниот популист Герт Вилдерс, кој постигна победа на изборите во Холандија, одржани во средата.

Амстердам демонстрации
Демонстрации во Амстердам по изборната победа на партијата на Герт ВилдерсФотографија: Ramon van Flymen/IMAGO/ANP

По победата на деснопопулистичката партија на Герт Вилдерс на парламентарните избори во Холандија, на протести излегоа стотици луѓе. Во Утрехт околу илјада луѓе го следеа повикот на неколку левичарски партии за демонстрации под мотото „Не сте сами“. Сличен протестен марш се одржа и во Амстердам. Организаторите на демонстрациите во Утрехт велат: „Сакаме да им покажеме на Холанѓаните дека никогаш никого не оставаме сам и дека се залагаме за правата на сите“.

ПВВ сака да ги депортира Сиријците

Џуди Карајоли, сириска студентка по новинарство, за агенцијата АФП на протестите изјави дека изборниот успех на Вилдерс ѝ предизвикува „голем страв“. Партијата за слобода (ПВВ) е отворено расистичка партија, вели таа, додавајќи дека многу нејзини пријатели се бегалци со дозволи за престој кои сега се плашат за својата иднина. Во својата програма, ПВВ, меѓу другото, бара да се укинат дозволите за престој на сириските бегалци бидејќи делови од Сирија сега биле „безбедни“. Хаамед Хасан, софтверски инженер од Египет, вели дека го плаши тоа што една партија се обидува да ја направи Холандија „помалку безбедна, а не побезбедна“.

Дел од демонстрантите во Амстердам велат дека ги плаши победата на ВилдерсФотографија: Ramon van Flymen/ANP/picture alliance

Тешко формирање влада

На парламентарните избори во средата (22.11) партијата ПВВ на Герт Вилдерс освои 37 од 150 пратенички места и со тоа стана најсилна партија во парламентот. Земјата сега најверојатно ќе се соочи со комплициран процес на формирање влада бидејќи можните коалициски партнери на Вилдерс досега ја исклучуваа можноста да станат негови јуниор-партнери. За време на холандската изборна кампања, Вилдерс се обиде да одржи релативно умерен имиџ. Во изборната програма на неговата ПВВ, на барателите на азил, меѓу другото, им се подметнува дека се „гостат“ бесплатно, додека холандските семејства требало да штедат на храна. ПВВ исто така бара забрана на исламските училишта, Куранот и џамиите, како и забрана за носење шамии во владините објекти. Партијата на Вилдерс има за цел да одржи „задолжителен референдум“ за излегување на Холандија од ЕУ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми