1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиПалестински територии

Ова не се вистински фотографии од Појасот Газа

Јан Валтер
2 февруари 2024

На социјалните мрежи кружат безброј фотографии од страдањата на децата во Појасот Газа. Дел од нив се создадени со вештачка интелигенција. Како да ги препознаете и каква улога играат тие во конфликтот на Блискиот Исток?

Трите фотографии со слични мотиви се наменети да го покажат страдањето на децата во Појасот Газа - но тие не се вистински фотографии, туку се генерирани со помош на вештачка интелигенција
Трите фотографии со слични мотиви се наменети да го покажат страдањето на децата во Појасот Газа - но тие не се вистински фотографии, туку се генерирани со помош на вештачка интелигенција

Мали деца, легнати едно до друго, лежат на каллива земја или пред шатор - веќе неколку дена слики со овој мотив кружат на X, Инстаграм, Тикток и на другите социјални мрежи. Речиси секогаш има нешто што може да укаже дека тоа се палестински деца од Појасот Газа: името на профилот, симбол со палестинско знаме или коментар. DW Fact Check - новинарски тим за проверка на факти, дојде до три слики кои се покажаа дека се создадени со помош на вештачка интелигенција (ВИ).

Премалку прсти на нозете, чуден врат и искривени прсти

Фотографијата на две момчиња во идентични пижами во син шатор е прегледана милион пати. Стуткани во тиркизно ќебе, се држат за раце со испреплетени прсти. Она што е трагично во сето тоа е што лежат на каллива земја, каде што валканата, кафена вода се собира во барички. Но, во повеќето објави, вклучувајќи ја и оваа, нема индикации дека сликата е создадена со помош на вештачка интелигенција.

Премалку прсти, искривен врат и искривени прсти: Оваа фотографија е генерирана со помош на вештачка интелигенција

Го заокруживме она што укажува на вештачка интелигенција: и двете момчиња имаат на едната нога само четири прсти - типична грешка кај сликите генерирани со вештачка интелигенција. Десната нога на момчето изгледа многу незгодно, а испреплетените прсти на двете момчиња изгледаат сосема идентично. Најпрво би требало да се гледаат и од друг агол, а зглобовите би морале да им бидат многу свиткани. Нешто не е во ред и со преминот од вратот кон задниот дел на главата на момчето, кој е на левата страна: тој дел од телото на момчето се преклопува со церадата на шаторот и се протега многу косо и стрмно кон градната коска наместо надолу кон 'рбетот.

Инсценирано осветлување и заматена слика на телото

Осветлувањето на фотографијата, исто така, изгледа многу инсценирано: светилката, која очигледно виси од врвот на шаторот, ја осветлува сцената прилично рамномерно и со одделни рефлексии. Ваквите ефекти може да се постигнат и со помош на програми за уредување слики. Но, за самото снимање потребно е добро осветлување, што би барало поставување на прилично сложена опрема.

Светлите бои и неверојатната естетска композиција на фотографијата се првиот показател за слика со вештачка интелигенција, а неколку детали го поддржуваат овој впечаток

Истото важи и за горната слика, која се појави и на X, Инстаграм и на Тикток. Како прво, рефлексијата и играта на светлината на дното на шишето изгледаат неприродно. Сепак, овде естетизацијата е многу посуптилна. Типичните грешки на вештачката интелигенција, кои главно може да се видат на екстремитетите, се многу суптилни. Но, по повнимателна проверка, вториот прст на долниот дел од стапалото на девојчето од десната страна на сликата се чини дека е многу голем. Долниот дел на левата нога на двете девојчиња е невообичаено рамно, како да стојат на земја или имаат екстремно рамни стапала. Кожата на девојчињата изгледа беспрекорно - и тоа е типично за сликите генерирани со вештачка интелигенција.

На третата слика, која ја погледнавме повнимателно, светлината изгледа сосема природно. Кожата на двете цврсто испреплетени девојчиња, исто така, изгледа реална. Освен тоа, тие две не личат на паровите деца на другите две слики.

Осветлувањето, боите, кожата - многу работи изгледаат многу реални на фотографијава. Но, се чини дека долните делови на овие девојчиња се сраснати - типична грешка со вештачката интелигенција

Но, затоа изгледа како да им се спојуваат стомаците. Изгледа дека девојчето напред нема нозе - што, особено по неколкумесечно израелско бомбардирање, може да биде случај. Меѓутоа, примероците од материјалот на местата што ги заокруживме се заматени, па убедени сме дека и оваа деформација е грешка, генерирана од вештачка интелигенција.

Дали ВИ-фотографиите го покажуваат вистинското страдање?

Сликите со вештачка интелигенција се многу сомнителни за прикажување на вистински настани како што е војната меѓу Израел и Хамас, особено ако не се означени така. Но, токму тоа се случува не само на социјалните мрежи, туку и на веб-страниците кои се претставуваат како информативни портали како што се „Палестинскиот информативен центар“ и „Нордхесен-журнал“. Тоа што го документираат не се објективни факти, туку она што некој го замислува и го визуелизира со помош на вештачка интелигенција. Објавувањето и дистрибуцијата на таквите содржини, без јасна индикација за нивното потекло, за ДВ-проверката на факти спаѓа во категоријата на лажни содржини. 

Над 1.000 деца во Газа со ампутирани нозе

01:03

This browser does not support the video element.

Сепак, тоа не значи дека сцените генерирани со вештачка интелигенција не можат да се одиграат на сличен начин во реалноста. Бројни хуманитарни организации секојдневно известуваат за крајно небезбедните услови во кои моментално живеат внатрешно раселените лица во Појасот Газа. Всушност, по минатонеделните обилни дождови, меѓународните медиуми како Си-Ен-Ен и Ал Џазира објавија дека бегалците се обидуваат да ги наполнат поплавените шатори со песок за да ги исушат баричките со вода.

Неколку хуманитарни организации со локален персонал, кои ги контактирше ДВ, му рекоа на тимот за проверка на факти дека сцените како оние прикажани на сликите се сосема замисливи. „Децата и нивните семејства живеат во импровизирани засолништа во Појасот Газа и се борат да најдат соодветни места за ноќевање. Немаат ни тоалети, ни вода за миење. Многумина живеат на тротоари“, вели Мет Сугру, која пред организацијата „Спасете ги децата“, лоцирана во Рафа на југот на Појасот Газа, организира итна помош за палестинските деца.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми