1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Прва жена на чело на американската воена морнарица

Улрике Кваст
3 ноември 2023

Првпат во историјата, на кормилото на американската воена морнарица застанува жена. Сенатот го потврди изборот на адмиралката Лиза Франчети за главен командант на морнаричките сили.

Лиза Франчети командант на американската воена морнарица
Лиза Франчети е нов командант на американската воена морнарицаФотографија: U.S. Department of Defense/Handout via REUTERS

Адмиралката Лиза Франчети доби поддршка од 95 американски сенатори. Еден гласаше „против“. Таа е прва жена која раководи со дел на војската и прва жена член на Генералштабот на американската армија.

59-годишната офицерка, номинирана за функцијата од страна на претседателот Џо Бајден, беше на челната позиција на воената морнарица како вршителка на должност од средината на август. Министерот за одбрана Лојд Остин го поздрави изборот на Франчети. Таа првично не беше кандидат по негов избор. Сепак, претседателот Бајден ја игнорираше препораката од шефот на Пентагон, кој, според владини извори, во јуни се изјаснил во корист на Семјуел Папаро, актуелниот командант на американската Пацифичка флота.

Покрај Лиза Франчети, потврден беше и изборот на новиот шеф на американските воздухопловни сили, генерал Дејвид Алвин. Тој го наследува генералот на воздухопловните сили Чарлс К. Браун, кој на крајот на септември ја презеде функцијата шеф на Генералштабот на вооружените сили на САД, наследувајќи го Марк Мили.

Во Сенатот, републиканскиот сенатор Томи Табервил од Алабама со месеци блокираше избор на стотици нови офицери. Конзервативниот политичар протестира против практиката на Министерството за одбрана, која ги покрива патните трошоци на воениот персонал доколку мора да се отпатува во друга американска сојузна држава поради абортус. Во американскиот Сенат, за многу формални процедури е потребна едногласност.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми