1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Први жртви во ударот на ураганот „Хелен“ во Флорида

ЖА
27 септември 2024

„Хелен“ удри на западниот брег на Флорида како ураган од втора категорија, за потоа да ослаби. Предизвика човечки жртви и бројни штети.

Ураганот „Хелен“ во Флорида
Ураганот „Хелен“ во Флорида Фотографија: Joe Raedle/Getty Images

Ураганот Хелен предизвика најмалку три смртни случаи во југоисточниот дел на САД. Во државата Џорџија, две лица загинале како резултат на торнадо предизвикано од „Хелен“, објави во петокот гувернерот Брајан Кемп. Уште еден смртен случај е забележан во Флорида.

Според локалните медиуми, загинатите во Џорџија се маж и жена чија камп куќа била погодена од торнадото. Приколката била фрлена преку автопат, удрила во две други возила и конечно слетала во поле, објави ТВ станицата ВТОК  доцна во четвртокот вечерта.

Поплавени се бројни улици поради ураганот „Хелен“Фотографија: Max Chesnes/AP Photo/picture alliance

Жртвата на Флорида загинала на автопат во Тампа при пад на сообраќаен знак кој удрил на автомобилот, објави гувернерот Рон ДеСантис. „Ова покажува дека надвор е многу опасно“, истакна тој, повикувајќи го населението да остане во домовите. Гувернерот на Џорџија, Кемп, исто така ги повика луѓето преку онлајн сервисот X да продолжат да се штитат од ефектите на ураганот.

Предупредувањата за  тешки временски услови  предизвикани од „Хелен" во САД важат за повеќе од 55 милиони луѓе. Националната метеоролошка служба  предупреди на поплави  што се случуваат еднаш во векот.

Ураганот Хелен предизвика најмалку три смртни случаи во југоисточниот дел на САДФотографија: Joe Raedle/Getty Images

Доколку се потврдат прогнозите, „Хелен“ најверојатно ќе биде најсилниот и најголемиот ураган во регионот за повеќе од една година. Пред да удри на копното на Флорида доцна во четвртокот вечерта, бурата беше класифицирана како „екстремно опасен“ ураган од четврт од пет степени и оттогаш е намалена на прв степен. Според властите, „Хелен" во последните часови достигна брзина на ветер од 145 километри на час.

Според властите, „Хелен" во последните часови достигна брзина на ветер од 145 километри на часФотографија: Joe Raedle/Getty Images

Аеродромите во градовите Тампа и Талахаси  во Флорида  го прекинаа воздушниот сообраќај. Според веб-страницата Poweroutage.us, повеќе од 1,1 милион домаќинства биле без струја во Флорида, а 90.000 домаќинства биле погодени во соседната држава Џорџија. Поплавени се бројни улици.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми