1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Првите мигранти од Италија тргнаа кон албанските кампови

ЕМФ / дпа
15 октомври 2024

По неколкумесечно одложување, утре во Албанија треба да пристигнат првите мигранти од Италија.

Кампот за бегалци во Ѓадер, Албанија
Кампот за бегалци во Ѓадер, АлбанијаФотографија: Alketa Misja/dpa/picture alliance

Првата група мигранти од Италија која е на пат за Албанија е составена од 16 мажи од Египет и Бангладеш. Во бегалските кампови во Албанија треба да биде извршена проверка на шансите за азил на мигрантите.

Италија е меѓу европските земји кои примаат најголем број бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа минувајќи опасни рути. Во обид да го намали бројот на бегалци, екстремно десничарката влада на италијанската премиерка Џорџа Мелони склучи договор со Албанија за мигрантски центри во таа земја.

Луѓето кои италијанските власти ќе ги фатат додека го минуваат централниот Медитеран, ќе бидат испратени во камповите во Албанија. Во нив ќе може да се сместат десетици илјади луѓе годишно. Според плановите на Мелони, мигрантите прво ќе бидат донесени во кампот во албанското пристаниште Шенѓин за првична проверка. Тие потоа ќе бидат префрлени во главниот камп во Ѓадер, каде Италија ќе ги испита нивните барања за азил надвор од италијанската јурисдикција. Оние кои ќе добијат азил потоа ќе можат да отпатуваат за Италија, додека оние чие барање ќе биде одбиено, ќе бидат депортирани од Албанија. Се очекува дека на овој начин ќе биде забрзан процесот на депортирање.

Ваквата постапка цели пред сѐ на мажите од земји кои важат за безбедни. Жените, децата, болните лица и жртвите на измачување, како што се вели, нема да бидат испраќани за Албанија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми