1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Првите странци излегоа од Појасот Газа преку преминот Рафах

ЕМФ | афп
1 ноември 2023

Првата група странци денеска преку граничниот премин Рафах тргна од Појасот Газа за Египет, јавува агенцијата АФП.

Појас Газа Рафах| граничен премин кон Египет
Граничен премин РафахФотографија: Mohammed Abed/AFP/Getty Images

Десетици странци и лица со двојно државјанство го минале граничниот премин Рафах, објави агенцијата АФП. Преминот е отворен за луѓе првпат од почетокот на војната меѓу Израел и радикалниот исламистички Хамас.

Египетските власти претходно најавија вонредно отворање на единствениот граничен премин кон Појасот Газа кој не е контролиран од Израел. Според нивните наводи, на околу 90 тешко повредени Палестинци и на околу 400 лица со странски пасоши им е дозволено да ја преминат границата. Во изминатите неколку недели се пропуштаа само конвои со помош.

Граничен премин Рафах, 1.11.2023Фотографија: Mohammed Abed/AFP/Getty Images

Според наводи на странски влади, во Појасот Газа има државјани на 44 земји кои работат за 28 агенции или организации. Вчеравечер (31.10), портпарол на американскиот Стејт департмент зборуваше за „многу добар напредок“ по прашањето на напуштање на Појасот Газа од страна на американски државјани.

Египетските телевизиски канали денеска прво прикажуваа слики во живо од голем број амбулантни возила кои ја преминуваат границата кај Рафах во насока на Појасот Газа. Тие треба да ги однесат сериозно повредените Палестинци во египетските болници на лекување, соопштија египетските и палестинските власти.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми