1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЛибан

Прво повлекување на израелски сили од Либан

ЕМФ | агенции
12 декември 2024

Израелската армија, според наводи на САД, се повлекла од еден град во јужен Либан.

Авивим Израелски војници патролираат на израелско-либанската граница
Израелски војници патролираат на израелско-либанската граница Фотографија: Ohad Zwigenberg/AP Photo/picture alliance

Израелската армија се повлече од град во јужен Либан како дел од договорот за прекин на огнот, се вели од Централната команда на САД. Како што е оттаму соопштено, командантот, генерал Ерик Курила, бил присутен во штабот за спроведување и следење на прекинот на огнот за време на тековното првично повлекување на израелските сили и нивното заменување со либански сили во Ал-Чиам, Либан.

Ова, како што нагласува Курила, е „важен прв чекор за постигнување на траен прекин на борбите и ги поставува темелите за понатамошен напредок“. „Ги поздравуваме напорите на армијата“ за создавање „стабилност на југот“, напиша од своја страна либанскиот премиер Наџиб Микати на платформата X.

Во меѓувреме, армијата на Израел соопшти дека нејзината седма бригада „ја заврши мисијата во Чиам, јужен Либан“. Во согласност со договорот за прекин на огнот и во координација со САД, либанските војници ќе бидат стационирани во областа заедно со мировните сили на ОН во Либан (Унифил).

Договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД и Франција стапи на сила на 27-ми ноември. Со него се предвидува дека израелската армија ќе го напушти јужниот дел на Либан во рок од 60 дена. Либанската милиција Хезболах, од своја страна, треба да се повлече од граничната област зад реката Литани и да ги растури своите воени бази. Во областа треба да останат само либанската армија и сините шлемови од мировната мисија на ОН.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми