1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија ја тресе пандемија со менталното здравје

ДТЗ
18 јануари 2023

Дел од психијатрите посочуваат дека напливот на лоши вести ја влошуваат состојбата. Граѓаните мора да сфатат дека не е се така црно, иако социјалните мрежи и медиумите им нудат само негативни вести

Stress am Arbeitsplatz
Фотографија: picture-alliance/dpa

По политичката и економската криза, како светот така и Северна Македонија ја тресе ментална криза која што може и најдолго да трае. По повеќе од две години пандемија, отуѓеност, социјална дистанца и стравови, неизвесноста беше продлабочена и со економска криза чии последици особено се чувствуваат во овој период.

„Очекувано е ова што се случува и на кое што укажувавме веќе подолго време дека следи пандемија со менталното здравје. Тоа не е нешто непознато, туку напротив се случува по сите светски економски, војни и здравствени кризи, по кои следува епидемија на болести од менталното здравје. Оттука и се поголем број насилство во домот, убиства и самоубиства на лица за кои сите велат дека претходно не покажувале знаци дека може нешто лошо да се случи“, вели Бајрактаров. 

Граѓаните мора да сфатат дека не е се така црно, иако социјалните мрежи и медиумите им нудат само црни вестиФотографија: Fotolia/lichtmeister

Психички проблеми, депресија, агресивност... 

Според него, кризата поттикна психички проблеми во општата популација која условно се смета за нормална или психички здрава, но и кај лицата кои веќе имале одредени проблеми со менталното здравје. „Кај младите се позачестено е агресивното однесување и употребата на дрога. Амбулантите се преполни со млади лица кои бараат лекарска помош. Драматично е влошено менталното здравје кај адолесцентите“, вели психијатарот, посочувајќи дека изминатиот период била направена правена пообемна студија на оваа тема, чии резултатите наскоро се очекува да бидат објавени. 

Лекарите секојдневно се соочуваат со случаи на зголемена анксиозност и депресија и кај младите и кај постарите лица. Политичките и економските кризи придонесуваат граѓаните да се  чувствуваат како да се во тунел од кој не можат да излезат. Кризите само се надоврзуваат една на друга и се чини дека не им се гледа крајот. 

„Кризата и од пандемијата и од економските потреси се уште не е стабилизирана. Менталната криза која што следи се очекува да трае колку што траела пандемијата 2 до 3 години или подолго“, вели доктор Бајрактаров. 

Тој повеќепати за време на пандемијата укажуваше дека се наоѓаме во средиштето на една бура од ризици за анксиозни и депресивни растројства. Кризите кај повеќето граѓани предизвикуваат состојба на вознемиреност, напнатост, опаѓање на расположението, загриженост и неизвесност. Има ли крај на кризите, не очекува ли нешто подобро утре? - е дилемата која што ја имаат многумина, притиснати од секојдневните црни вести и насилство со коешто се преполни полициските билтени.  

Се наоѓаме во средиштето на една бура од ризици за анксиозни и депресивни растројства.Фотографија: picture alliance/chromorange/Media for Medical

Не е се така црно 

„Не е се така црно“, вели за ДВ проф. д-р Викторија Вујовиќ, психијатар. Но, преголемото медиумско актуелизирање на само црните настани, убиства, самоубиства, неповолно влијае врз психата на луѓето. „На тој начин само се актуелизираат стравови кај нив. Кога слушаат за тоа дека родител убил дете, или дете нападнало родител стравуваат и на нив да не им се случи нешто слично“, вели доктор Вујовиќ. Социјалните мрежи се преплавени само со негативни информации. Се споделуваат нефилтрирани содржини за насилства во домот, за луѓе кои посегнале по сопствениот живот, но и по животот на своите најмили. „Па така слушаме дека некој ја убил мајка си и бабата, а имал и цела листа на роднини по кои сакал да посегне, што укажува на шизофренија. Во позадината на сите тие проблеми се душевните болести“, укажува психијатарот.

Таа вели дека неопходно е што помалку вакви вести да има во медиумите и на социјалните мрежи и тие да не бидат толку лесно достапни за читателите. „Како вешто лице имам видено многу работи, се случувале и многу пострашни работи од овие, но останувале зад судските врати“, вели таа. Што помалку се пишува за насилството, или доколку таквите вести се објавуваат на соодветни места за тоа, што помалку ќе се копира тој „модел“ на однесување и од други. 

Интернет хорор игрите - опасност за детската психа

01:28

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми