1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пулмолозите алармираат. И електронските цигари се штетни

ДТЗ
20 ноември 2024

„Апелираме за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на сите видови на електронски цигари“, порачуваат лекарите

електронски цигари
Пулмолозите алармираат. И електронските цигари се штетниФотографија: picture-alliance/R. Peters

Според најновата статистика, 45 отсто од македонската популација посегнува по тутун, со што земјата е лидер во консумирање цигари на Балканот.

„Тоа е многу висок коефициент на луѓе кои консумираат тутун“, вели директорот на Клиниката за пулмологија, Оливер Зафировски. Тој советува да се остават цигарите, посебноелектронските цигари.

„Моментално има голем маркетинг дека не се штетни, напротив, последните испитувања укажуваат дека се многу поштетни и од обично консумирање тутун“, вели Зафировски.

Загадувањето и цигарите ја влошуваат состојбата на лицата со Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), поради што на Светскиот ден на оваа болест, пулмолозите алармираат дека пушењето е главниот ризичен фактор за ова заболување. 

Кои се штетите од пуштењето? 

Пулмолозите најавуваат кампања за млади од осмолетки до гимназии во Македонија за да може да сфатат колку е штетно пушењето, особено за младиот организам што се развива и за малиот мозок.

„Децата се повеќе склони за развојни проблеми - се намалува капацитетот на белите дробови заради изложувањето на пушењето, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на сите видови на електронски цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, но и во поглед на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизвикуваат зависност“, рече д-р Марија Здравевска.

Пушењето е главен ризичен фактор за развој на болеста. Деведесет и пет отсто од пациентите кои имале ХОББ, се пушачи. Симптомите на болеста се отежнато дишење и кашлица. „Луѓето се навикнуваат на нив и многу доцна се бара помош. Често симптомите ги препишуваат на цигари, загаден воздух, изложеност на нешто“, велат пулмолозите, кои посочуваат дека многу е важно болеста да биде дијагностицирана рано. 

Според новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми