Успехот не доаѓа од небо или преку ноќ, бара многу работа и љубов кон тоа што го работите, вели несудениот правник Бојан Чунде, кој со својата сопруга Марија ја менува професијата и почнува да плива во сосема поинакви води. Го создаваат брендот „Пура перла“ и се занимаваат со она што им го исполнува срцето.