1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин со нови детали за смртта на Пригожин

СН/агенции
6 октомври 2023

Месец и половина по смртта на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин во авионска несреќа во Русија, русксиот претседател Владимир Путин изјави дека се откриени шрапнели од рачни бомби во телата на жртвите од несреќата.

Рускиот претседател Путин за првпат јавно проговори за можните причини за авионската несреќа во која загина Евгениј Пригожин
Рускиот претседател Путин за првпат јавно проговори за можните причини за авионската несреќа во која загина Евгениј ПригожинФотографија: Mikhail Metzel/Sputnik via REUTERS

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека авионската несреќа во која загина Евгениј Пригожин, шеф на платеничката група Вагнер, била предизвикана од рачни бомби кои експлодирале во авионот, а не од ракетен напад.

Приватниот авион Ембраер со кој Пригожин патуваше за Санкт Петербург се урна северно од Москва на 23 август, при што загинаа сите 10 патници, меѓу кои и двајца други високо рангирани оперативци на Вагнер, четворица телохранители и тројца членови на екипажот.

Путин посочи дека авионот бил разнесен одвнатре, велејќи дека тоа му го кажал шефот на рускиот истражен комитет пред неколку дена.

Фотографија на Евгениј Пригожин поставена на неформалната улична комеморација во близина на Москва на 26 август 2023 годинаФотографија: Alexander Zemlianichenko/AP/picture alliance

„Во телата на загинатите во несреќата се пронајдени фрагменти од рачни гранати“, рече Путин на состанокот на дебатниот клуб Валдаи во црноморското одморалиште Сочи.

„Нема надворешен напад на авионот, тоа е веќе утврден факт“, рече Путин.

Со тоа, тој навидум ги отфрли тврдењата на неименуваните американски функционери кои набрзо по несреќата рекоа дека веруваат дека авионот бил соборен.

Путин не даде повеќе детали за тоа како бомбите би можеле да бидат активирани во авионот, но рече дека смета оти инспекторите згрешиле што не ги тестирале телата на убиените на дрога и на алкохол, со оглед на количеството кокаин пронајдено во канцеларијата на Вагнер во Санкт Петербург во минатото.

Остатоците од урнатиот авион во кој загина Евгениј ПригожинФотографија: Dmitry Lebedev/Kommersant Photo/REUTERS

Истражителите на несреќи сè уште не ги објавија своите наоди.

Бунтотна Пригожин беше најголемиот предизвик за владеењето на Путин откако поранешниот шпион на КГБ дојде на власт во во Русија од 1999 година. Западните дипломати тврдат дека обидот за пуч на Вагнер го разоткрил притисокот во Русија поради војната во Украина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми