1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Путин ги оправдува нападите врз украинската енергетска мрежа

СН/агенции
12 април 2024

Русија во последно време засилено ја бомбардите украинската енергетска инфраструктура. Сега лидерот на Кремљ, Путин го оправдува ова како наводен одговор на украинските напади.

Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир Путин
Москва беше принудена да одговори на украинските напади врз руските енергетски капацитети, но се воздржа од такви напади во текот на зимскиот период, изјави рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Sputnik/Pavel Byrkin/Kremlin/REUTERS

Рускиот претседател Владимир Путин  изјави дека воздушните напади врз украинската енергетска мрежа, што доведе до широки прекини на електричната енергија, е дел од постигнувањето на руската цел за „демилитаризација“ на Украина.

„Поаѓаме од принципот дека на овој начин имаме влијание врз воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин за време на средбата во Кремљ со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

Путин, исто така, рече дека бомбардирањата се одговор на неодамнешните украински напади насочени кон руската енергетска инфраструктура, особено на рафинериите.

„Во последно време забележавме серија напади врз нашите енергетски капацитети и бевме должни да одговориме“, рече тој.

Расчистување на урнатините во електраната ДТЕК во Украина по рускиот воздушен нападФотографија: Evgeniy Maloletka/AP/picture alliance

Тој рече дека војската на Русија во изминатата зима не ги нападнала украинските електрични инсталации „од хуманитарни причини“.

„Не сакавме социјалните инфраструктури, болниците и слично да останат без струја“, рече рускиот претседател.

Во текот на зимата 2022/2023 година руските напади ја оштетија енергетската инфраструктура и оставија илјадници луѓе во студ и темнина долги периоди.

Оваа зима, електричната мрежа на Украина беше поретко цел на напади до март годинава и почетокот на новиот бран бомбардирања насочени кон неа.

Вчера (11 април, 2024) околу 40 руски ракети и исто толку беспилотни летала беа повторно насочени кон украинската електрична мрежа, па украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика своите западни сојузници што поскоро да ја снабдат земјата со системи за противвоздушна одбрана. Денеска Украина повторно извести за руски напади врз енергетскиот сектор. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми