1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамРусија

Путин за нападот во Москва: „Варварски терористички чин“

СН/агенции
23 март 2024

По нападот на концертната сала во Москва, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, рускиот претседател Владимир Путин порача дека сторителите ќе бидат казнети и алудираше на поврзаност на Украина со нападот.

Рускиот претседател во обраќање до јавноста по нападот во Москва ја прогласи недела 24 март за Ден на национална жалост
Рускиот претседател во обраќање до јавноста по нападот во Москва ја прогласи недела 24 март за Ден на национална жалостФотографија: Kremlin.ru/REUTERS

Рускиот претседател, Владимир Путин ѝ се обрати на јавноста по терористичкиот напад во концертна сала во  московско предградие Красногорск, во кој според последните официјални информации беа убиени 133 луѓе а над 100 повредени. Тој го нарече нападот „крвав и варварски терористички чин“.

„Истражните агенции и органите за спроведување на законот ќе вложат максимални напори за да го утврдат секој детаљ од терористичкиот напад во Крокус. Сите ќе ги идентификуваме и казниме. Никој нема да може да сее отровно семе на раздор и раздор во мултинационално општество“, рече Путин.

Претседателот потврди дека четворицата напаѓачи се пронајдени и приведени.

„Злосторниците ладнокрвно и намерно тргнаа да убиваат, да пукаат во нашите граѓани, нашите деца, како што го правеа тоа некогаш нацистите кога вршеа масакри на окупираните територии. Планирале да извршат егзекуција, крвав чин на заплашување“, рече Путин.

Уништената концертна сала „Крокус сити хол“ по синоќешниот терористички нападФотографија: Vyacheslav Prokofyev/picture alliance/dpa/TASS

24 март - национален ден на жалост

Како што рече, Русија се соочува не само со внимателно, цинично планиран терористички напад, туку и со подготвено и организирано масовно убиство на мирни, беспомошни луѓе.

„Сега најважно е да ги спречиме оние кои стојат зад терористичкиот напад да извршат нови злосторства“, нагласи тој.

Тој им се заблагодари на екипите на брзата помош, пожарникарите и на спасувачите кои направија сѐ за да ги спасат животите на луѓето и изрази сочувство до оние кои загубија роднини и пријатели.

Путин истакна дека на сите ќе им биде укажана потребната помош. Тој ја прогласи недела, 24 март, за национален Ден на жалост.

Руските граѓани спонтано со положување цвеќиња им оддаваат почит на жртвите од нападот врз концертната салаФотографија: Piknik

Путин алудира на вмешаност на Украина

Рускиот претседател обраќањето говореше и за  наводната вмешаност на Украина во терористичкиот напад во Москва. Говорејќи за четворица од единаесетте уапсени осомничени за нападот Путин рече: „Тие се обидоа да се сокријат и тргнаа кон Украина, каде што им беше подготвен прозорец за да ја преминат границата“. Руската домашна тајна служба ФСБ претходно известуваше за апсења во пограничниот регион Бiрјанск. 

Украина, против која Русија повеќе од две години води агресорска војна повеќепати јасно ги отфрли гласините за нејзина вмешаност во нападите, кои се проширија на руските медиуми. Освен тоа, набргу по нападот во објава на Телеграм одговорноста за нападот ја презеде терористичката милиција Исламска држава (ИД), а некои експерти објавата веќе ја оценија како вистинита.

Припадници на руските специјални сили пристигнуваат на местото на злосторството во текот на вчерашната ноќФотографија: Sergei Vedyashkin/Moscow News Agency/REUTERS

ИД уште еднаш ја презема одговорноста за нападот

Исламска држава, во меѓувреме, уште еднаш ја презеде одговорноста за нападот во близина на Москва и објави фотографија на која, како што соопшти, се прикажани четворицата осомничени напаѓачи, чии лица беа заматени. Нападот е поврзан со „војната која беснее“ меѓу Исламската држава и земјите кои се борат против исламот, објави новинската агенција Амак, гласноговорник на ИД, на сервисот за кратки пораки Телеграм.

Терористичкиот напад се случи во салата „Крокус сити хол“ пред концертот на рускиот бенд „Пикник“ од Санкт Петербург кога неколку лица во маскирна облека отвориле оган од автоматско оружје. Безбедносните служби на Русија соопштија дека имало најмалку една експлозија, по што избувнал пожар. Според руските информации, уапсени се единаесет лица, меѓу кои се и четирите лица кои се осомничени дека биле директно вмешани во нападот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми