1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКина

Путин на самит во Кина: Апсење е исклучено

СН/агенции
17 октомври 2023

Во Пекинг денеска започнува самитот за инфраструктурниот проект „Појас и пат“. Во Кина допатува и рускиот претседател Владимир Путин и покрај меѓународната потерница по него поради војната во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето на аеродромот во Пекинг
Рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето на аеродромот во ПекингФотографија: Parker Song/Kyodo News/Pool/AP/dpa/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Пекинг каде ќе се сретне со неговиот кинески колега Ши Џинпинг, во посета која, како што соопшти Кремљ, ќе ја покаже длабоката меѓусебна доверба и партнерството без граници меѓу Кина и Русија. Путин и неговата придружба утрината слетаа на меѓународниот аеродром во Пекинг.

Рускиот претседател малку патуваше во странство откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде ммеѓународен налог за негово апсење во март, под обвинение за незаконско депортирање деца од Украина. Путин го посети Киргистан на почетокот на месецот. Наредбата на МКС обврзува 123 земји-членки да го уапсат Путин и да го префрлат во Хаг на судење доколку влезе на нивна територија. Ниту Киргистан ниту Кина не се членови на Трибуналот за воени злосторства.

Кремљ соопшти дека Путин ќе се сретне со Ши во Пекинг на 18 октомври на маргините на третиот форум за меѓународна соработка „Појас и пат“. Русија, која е под тешки западни санкции поради инвазијата врз Украина, веќе неколку месеци се обидува да ги зајакне економските, воените и енергетските врски со Пекинг.

Претседателите на Кина и на Русија, Ши и Путин за време на нивната последна средба во Москва во март 2023Фотографија: Sputnik/Mikhail Tereshchenko/Pool via REUTERS

Ши последен пат се сретна со својот „драг пријател“ во Москва во март годинава само неколку дена по издавањето на налогот. Тогаш Ши го покани Путин на форумот „Појас и пат“, меѓународен форум со кој претседава кинескиот лидер. Путин ќе се сретне со Си во среда.

Пекинг ги отфрли критиките на Западот за неговото партнерство со Москва, инсистирајќи дека нивните врски не ги прекршуваат меѓународните норми, а Кина има право да соработува со која било земја.

Путин последен пат ја посети Кина за време на Зимските олимписки игри во февруари 2022 година во Пекинг, кога Русија и Кина соопштија дека нивното партнерство „нема граници“, неколку дена пред рускиот претседател да испрати десетици илјади војници во Украина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми