1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Путин нема да присуствува на погребот на Пригожин

ЕМФ / дпа
29 август 2023

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на шефот на трупите Вагнер, Евгениј Пригожин, се вели од Кремљ.

Евгениј Пригожин
Евгениј Пригожин е прогласен за мртов по авионска несреќа за која причините сѐ уште не се познатиФотографија: Alexander Zemlianichenko/AP/dpa/picture alliance

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Пексов, денеска изјави дека присуство на претседателот Владимир Путин на погребот на Евгениј Пригожин „не е предвидено“. Според изјавата на Песков цитирана од агенцијата Интерфакс, руското раководство нема конкретни информации за погребот, за што, како што се вели, треба да одлучи семејството на Пригожин.

Приватниот авион на шефот на платеничките трупи Вагнер, Евгениј Пригожин, падна минатата недела. Притоа, како што соопштија руските власти, загинаа сите десет патници во авионот. Авионот во моментот на падот бил на половина пат помеѓу Москва и Санкт Петербург, во регионот Твер. Според официјално наводи, Пригожин бил во авионот. Причината за падот на авионот, меѓутоа, сѐ уште не е разјаснета. Големи делови од руската јавност, како и западни влади, се на мислење дека приватниот авион на Пригожин бил соборен.

Изутринава независниот портал Фонтанка од Санкт Петербург напиша дека погребот на Пригожин би требало да се одржи во текот на денов во милионскиот град. Подготовките за погребот, како што се вели, течат.

Евгениј Пригожин, чии борци со месеци се бореа на страната на регуларната руска армија против Украина, во јуни поради незадоволство од недоволното снабдување на неговите трупи почна бунт против военото и државното раководство во Москва,кој беше завршен по само еден ден.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми