1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин се откажа од прес-конференцијата на крајот на годината

ЕМФ | агенции
12 декември 2022

Рускиот претседател Владимир Путин се откажа од својата традиционална прес-конференција на крајот на годината. Причини за неодржување на прес-конференцијата не се наведени.

Владимир Путин на минатогодишната голема прес-конференција
Владимир Путин на минатогодишната голема прес-конференцијаФотографија: Evgenia Novozhenina/REUTERS

„До почетокот на новата година нема да има прес-конференција на Претседателот“, соопшти денеска (12.12) портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Путин, кој е на функција од 2000 година, ја одржуваше големата средба со новинарите на крајот од секоја година, освен во периодот помеѓу 2008 и 2012 година, кога беше премиер, а не шеф на државата.

Песков укажа дека Путин зборува со претставниците на медиумите и во други прилики, особено за време на своите патувања во странство. Портпаролот на Кремљ не наведе причини за неодржување на традиционалната прес-конференција.

Големата годишна прес-конференција, на која присуствуваа стотици руски и странски новинари, вообичаено траеше со часови. За време на прес-конференцијата, шефот на руската држава одговараше на прашања во живо на широк спектар на теми - од надворешна политика до секојдневни проблеми на Русите. Изјавите на Претседателот пред новинарите честопати личеа на наредби до Владата или регионалните власти.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми