1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Путин свика кризен состанок поради недостигот на гориво

ЕМФ | агенции
29 јуни 2026

Рускиот претседател Владимир Путин бара итни мерки поради недостигот на гориво во Русија, предизвикан од украинските напади врз нафтената инфраструктура и рафинериите.

Russland Moskau 2026 | Putin trifft Teilnehmer der Militäroperation im Kreml
Фотографија: Alexander Kazakov/Sputnik/AP Photo/picture alliance

Рускиот претседател Владимир Путин свика кризна седница поради тековните руски проблеми со снабдувањето со гориво. Прво мора да се ублажат последиците од украинските напади врз рафинериите и другите објекти на нафтената индустрија. „Мораме да ги намалиме последиците од терористичките напади врз нашите цивилни објекти и инфраструктурата“, беше цитиран Путин од државната агенција ТАСС. На состанокот учествуваа претставници од различни министерства, како и од најважните производители на нафта во Русија.

Неодамна засилените украински напади врз нафтената индустрија во Русија доведоа до сериозни проблеми со снабдувањето. „На бензинските пумпи има редици, потребните видови бензин не се секогаш достапни“, изјави Путин. Тој потврди дека веќе се размислува за забрана на извозот на дизел-гориво. Русија во меѓувреме почнала да ги користи своите резерви на бензин.

Путин веќе во јули очекува значително зголемување на производството на најважните видови гориво.

Кризата со гориво, која започна на Крим,во меѓувреме ги зафати речиси сите региони во РусијаФотографија: Emil Leegunov/Anadolu/picture alliance

За проблемите со гориво рускиот претседател зборуваше и во интервју со рускиот новинар Павел Зарубин, објавено вчера (28.06) од страна на Кремљ. „Што се однесува до нападите врз критичната инфраструктура воопшто и енергетската инфраструктура особено, овие напади врз нашите инфраструктурни објекти природно предизвикуваат проблеми - тоа е очигледно“, вели Путин. „Во моментов, гледаме одреден недостиг, но тој не е критичен.“ Главната задача сега, според Путин, е да се зајакнат руските капацитети за противвоздушна одбрана и да се обезбедат резерви на гориво, особено за Крим.

Постојаните украински напади врз нафтените постројки веќе оставија подлабоки траги во секојдневието на Русите: кризата со гориво, која започна на Крим, анектиран од Русија во 2014 година, во меѓувреме ги зафати речиси сите региони во земјата. Пред бензинските пумпи што сè уште продаваат гориво се формираат долги редици. На Крим, пак, бензинските пумпи веќе воопшто не даваат гориво на приватни лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми