1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Путин забрани извоз на нафта за земјите со „капак“ на цената

ЕМФ | дпа
27 декември 2022

Судирот околу ограничувањето на цената на руската нафта ескалираше. Шефот на Кремљ, Владимир Путин, забрани извоз на нафта за земјите кои воведоа таков механизам.

Нафтено поле во Татарстан, Русија
Нафтено поле во Татарстан, РусијаФотографија: Yegor Aleyev/ITAR-TASS/IMAGO

Рускиот претседател Владимир Путин со декрет забрани продажба на нафта на земјите кои воведоа ограничување на цената на оваа суровина. „Испораките на руска нафта и нафтени производи на странски фирми и лица се забранети доколку во договорите директно или индиректно е вграден механизам за фиксирање на горна граница на цената“, се вели во денеска (27.12) објавениот декрет. Забраната стапува на сила на 1 февруари.

ЕУ на почетокот на декември договори ограничување на цената на руската нафта и во моментов изнесува 60 американски долари за барел (159 литри). Државите одГрупата 7, Австралија и Норвешка се приклучија кон ваквата мерка.

Ограничувањето на цената на нафтата е една од санкциите со кои Западот реагира на руската инвазија на Украина. Горната граница на цената важи за транспорт на нафта по морски пат. Со тоа би требало да се ограничат руските приходи од извоз и така да се намалат можностите за финансирање на руската војна.

Според експертите, сѐ уште не е јасно дали ограничувањето на цената навистина ќе функционира. Намерата е да се искористи доминантната позиција на западните бродарски компании и осигурувања за да се спречи Русија да продава нафта на светскиот пазар според свои услови. Меѓутоа, веќе има информации дека Русија масовно купува стари нафтени танкери со цел самостојно да транспортира нафта.

Русија со сенишна флота го заобиколува нафтеното ембарго

01:15

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми