1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Рација против неонацисти во Германија

ЕМФ / дпа
19 септември 2023

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го забрани денсоекстремното здружение „Хамерскинс Германија“ и организацијата „Кру 38“ која е негов дел.

Германија | Рација против неонацисти
Полицијата направи претрес на станови во десет германски покраиниФотографија: Dominik Totaro/dpa/picture alliance

Полицијата рано изутринава направи претрес на станови на 28 осомничени членови на десноекстремното здружение „Хамерскинс Германија“ во десет германски покраини: Баварија, Баден Виртемберг, Берлин, Бранденбург, Хесен, Мекленбург Предна Померанија, Северна Рајна-Вестфалија, Рајнланд Пфалц, Тирингија и Сар. Според соопштението на германското Министерство за внатрешни работи, рацијата била насочена кон осомничени водечки личности во здружението.

„Хамерскинс Германија“, според проценките на властите, има околу 130 членови. Здружението работи против уставниот поредок воГерманија и против разбирањето меѓу народите, се вели во образложението на забраната. Освен тоа, како што се додава, целта и делувањето на здружението ги кршат законите во земјата.

На концертни собири на групата со десноекстремни идеи биле идеологизирани лица кои не се членови на „Хамерскинс Германија“. Членови на здружението се активни и на сцената на боречки спортови. Според наводи од безбедносни кругови, тие се нуделе како лица за обезбедување на десноекстремни собири.

Во подготовките на забраната сојузот и покрините соработувале една година. Соработка имало и со американските власти. Неонацистичката група е органок на групација од САД и во Германија постои од 1990-тите.

Ова е 20-та забрана за десничарска екстремистичка организација од страна на сојузното МВР. Меѓу десноекстремните организации кои се забранети во Германија во последниве години се вбројуваат и „Комбат 18“ и „Северен орел“.

Забраната е „голем удар против организираниот десен екстремизам“, изјави сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Ова испраќа „јасен сигнал против расизмот и антисемитизмот“. Десничарскиот екстремизам сè уште е „најголемата екстремистичка закана за нашата демократија“, оценува Фезер и додава: „Затоа продолжуваме да дејствуваме со сета одлучност за уништување на десноекстремните структури“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми