1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раскинати 45 концесии во рударството

9 октомври 2025

Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Рудник во Грција
Раскинати над 45 концесии во рударството поради непочитување на законите и на еколошките мерки. фото: архиваФотографија: DW/F. Schmitz

Раскинување на 45 концесии во рударскиот сектор поради непочитување на законите или на еколошките мерки, како и иницијатива за заштита на македонскиот рубин, најави министерката за енергетика, Сања Божиновска.

На брифинг со новинарите таа информираше дека 34 договори се раскинати еднострано, а за 11 се истечени договорите и не се продолжени. Ваквите мерки се преземени поради непочитување на законските одредби и на еколошки мерки, неплаќање концесиски надоместоци, пренесување концесија без согласност и експлоатација надвор од дозволениот предел.

Се најавуваат многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.Фотографија: Fotolia/Tomas Sereda

Од јануари до 1 октомври годинава биле спроведени 170 вонредни и 78 редовни инспекциски надзори воМакедонија. Божиновска најавува многу построги критериуми во однос на издавањето и контролата на концесиите.

Претходно и Министерството за животна средина информираше дека е раскинат договорот со „Мелкам инжинеринг“ од Скопје за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот Лавинчеви во атарот на селото Страчинци во Општина Гази Баба. Според министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одлуката е донесена поради сериозни пропусти и непочитување на законските обврски.

Неговото образложение беше дека концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто според договорот, односно 25 илјади тони годишно, во 2022 година биле ископани само 277 тони, во 2023 година нема активност, а во 2024 година само 187 тони. Активностите биле често прекинувани и не се почитувани законските обврски. Исто така, концесионерот не платил концесиски надоместок за ископаните количества во последните три години.

Министерство за енергетика поднесе и Иницијатива за заштита на македонскиот рубин, информираше министерката Сања БожиновскаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Заштита на македонскиот рубин

Министерство за енергетика поднесе и Иницијатива за заштита на македонскиот рубин. Целта е рубинот да добие официјален статус како национално минерално наследство и правна заштита на потеклото, вели министерката Сања Божиновска. 

Минералот корунд се наоѓа единствено во околината на Прилеп и во Мариово, и е единствен природен рубин во Европа. Има црвеникава боја поради присуството на хром.

„Сметаме дека рубинот треба да се заштити, од него да направиме бренд по кој ќе бидеме препознатливи“, вели министерката.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми