1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Расте загриженоста од ирански одмазднички напад врз Израел

СН/агенции
6 април 2024

Иран го обвинува Израел за целното убиство на двајца генерали. На нивниот погреб во Техеран повторно имаше закани за одмазда. Според американските медиуми, САД и Израел се во состојба на готовност.

Разурнатата зграда на иранската амбасада во главниот град на Сирија, Дамаск
Разурнатата зграда на иранската амбасада во главниот град на Сирија, ДамаскФотографија: Omar Sanadiki/AP/dpa/picture alliance

Припадниците на моќната иранска Револуционерна гарда кои беа убиени во израелски воздушен напад врз иранската амбасада беа погребани на јавен погреб во петокот во Техеран. Иран ја искористи можноста повторно да се закани со одмазда.

„Нашите храбри луѓе ќе го казнат ционистичкиот режим“, изјави генералот Хосеин Салами пред толпата во Техеран. „Предупредуваме дека ниту еден непријателски чин против нашиот свет систем нема да остане без одговор.“ Иранската нација има „моќ да разбие империи“. 

Погребот на седуммината припадници на иранската Револуционерна гарда во ТехеранФотографија: AP/picture alliance

Одмазднички напад веќе наредната недела?

Во меѓувреме американските медиуми јавуваат дека САД се во состојба на зголемена готовност и се подготвуваат за можен напад на Иран врз израелски или американски цели во регионот како одмазда за израелскиот напад врз иранската амбасада во Сирија,
„Дефинитивно сме во висока состојба на готовност“, изјави во петокот американски официјален претставник., потврдувајќи ги медиумските извештаи во кои се вели одмазднички напад би можел да се случи веќе наредната недела по муслиманскиот празник Рамазан Бајрам. 

Поддршка од САД за Израел

Израелски воени авиони, според медиумските извештаи, во понеделникот (1 април, 2024) ја бомбардираа иранската амбасада во Дамаск, Сирија.   

Двајца генерали и петмина пониски припадници на Ревулуционерната гарда загинаа во нападот врз иранската амбасада во Дамаск, Сирија.Фотографија: Omar Sanadiki/AP/dpa/picture alliance

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека седум ирански воени советници биле убиени во нападот, меѓу кои двајца висок команданти на нивните сили Кудс, елитна странска шпионажна и паравоена сила.
Иран во повеќе наврати порача дека го задржува правото „да преземе решителен одговор“.

Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот разговараше за заканата од Иран во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„САД целосно ја поддржуваат одбраната на Израел од заканите од Иран“, изјави висок претставник на администрацијата на Бајден.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми