1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Расте загриженоста поради можна нова војна во Либан

ЕМФ | дпа | Тагесшау
19 јуни 2024

Тензиите помеѓу Израел и Хезболах во Либан се зголемуваат. Израелскиот министер за надворешни работи Кац се закани со „сеопфатна војна“. Израелската армија сега ги потврди плановите за можна офанзива во Либан.

Израелски војници на границата помеѓу Израел и Либан
Израелски војници на границата помеѓу Израел и ЛибанФотографија: Francisco Seco/AP/picture alliance

Израелските воени сили ИДФ ги одобрија оперативните планови за можна офанзива во Либан по зголемените тензии со радикалната исламска милиција Хезболах. „Како дел од проценката на ситуацијата, беа потврдени и одобрени оперативните планови за офанзива во Либан. Беа донесени одлуки за дополнително зголемување на оперативната подготвеност на војниците на терен“, соопшти ИДФ. Тензиите меѓу Израел и Хезболах во Либан неодамна се зголемија.

Кац се заканува со „сеопфатна војна“

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, предупреди од ескалација на ситуацијата на северот на земјата. „Во сеопфатна војна, Хезболах ќе биде уништен и Либан ќе биде силно погоден“, напиша тој на платформата Х. „Блиску сме до моментот на одлука за промена на правилата против Хезболах и Либан.“

Хезболах објави снимки од дрон

Либанската милиција Хезболах претходно објави фотографии од северен Израел. Се вели дека сликите се направени со дрон, а наводно го прикажуваат пристаништето Хаифа и други важни стратешки локации во областа. Шефот на Хезболах, Хасан Насрала се фали дека ги снимал пристаништата во Хаифа и се заканува дека ќе ги нападне, пишува израелскиот министер за надворешни работи и нагласува дека со пристаништата управуваат меѓународни компании од Кина и Индија. И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неодамна нагласи дека армијата е подготвена за интензивно распоредување во Либан, доколку тоа биде неопходно.

Американскиот пратеник се обидува да посредува

Американскиот пратеник Амос Хохштајн вчера (18.06) водеше разговори во Либан за постигнување прекин на огнот меѓу Израел и шиитската милиција. Според либански информации, Хохштајн сакал да ѝ испрати на либанската влада остро предупредување од страна на израелската страна.

Американскиот пратеник Амос Хохштајн во БејрутФотографија: Bilal Hussein/AP Photo/picture alliance

Бени Ганц, поранешен министер во израелскиот воен кабинет, го предупредил Хохштајн дека времето за дипломатски договор истекува. Од почетокот на војната во Појасот Газа пред повеќе од осум месеци има секојдневни воени конфронтации меѓу израелската армија и либанската милиција Хезболах во пограничната област меѓу двете земји. Откако во израелски напад беше убиен висок командант на Хезболах, милицијата минатата недела ги зголеми своите напади врз северен Израел. Во меѓународни рамки има голема загриженост поради можноста од приширување на конфликтот.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми