1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Зеленски на средба со Мерц, Макрон и Стармер во Лондон

СН | АРД | агенции
8 декември 2025

Каква е состојбата со американскиот план за Украина? Претседателот Зеленски денеска во Лондон разговара за ова со европските сојузници. Тој ги опиша разговорите со претставници на САД како конструкруктивни но не и лесни.

Од лево: Германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и полскиот премиер Доналд Туск одат еден до друг
Зеленски и европските лидери во нов обид да извршат притисок врз САД и врз Русија за постигнување праведен мир во УкраинаФотографија: Ludovic Marin/Pool/ABACA/picture alliance

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува денеска да допатува во Лондон на консултации со европските сојузници. Разговорите со британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерци францускиот претседател Емануел Макрон ќе се фокусираат на моменталната состојба на планот за завршување на војната во Украина. Европејците „нужно ќе бидат клучен столб на праведното и трајно решение што го градиме заедно“, изјави Макрон пред состанокот во Лондон. „Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да склучи мир“. Руските напади врз Украина продолжија со несмалена жестокост во текот на викендот .

Основата за тековните преговори е планот презентиран од САД за ставање крај на војната што Русија ја започна во 2022 година. Првичниот нацрт, кој се сметаше за многу пријателски настроен кон Москва, беше ревидиран во клучните точки на инсистирање на Украина и на нејзините европски сојузници.

И Украина иЕвропејците бараат натамошни промени во корист на Украина. Како се променил американскиот план, кој беше објавен пред околу три недели и првично содржеше 28 точки, оттогаш, не е јавно познато.

Трамп „малку разочаран“ од Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Зеленски дека не се запознал со американскиот план за Украина. САД разговарале со шефот на Кремљ, Владимир Путин и со украински претставници, вклучувајќи го и Зеленски, изјави Трамп во неделата вечерта (локално време) во Вашингтон. „И морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот.“  Русија веројатно би претпочитала да ја има целата земја, рече Трамп додавајќи оти верува дека Москва би се согласила со предлогот. „Но, не сум сигурен дека Зеленски би се согласил.“ Русија во моментов контролира околу една петтина од територијата на Украина, нелегално анектирајќи делови од неа, а исто така бара и региони што никогаш не ги освоила.

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Зеленски дека не се запознал со американскиот план за УкраинаФотографија: Bonnie Cash/UPI Photo/newscom/picture alliance

Зеленски: Разговорите се конструктивни, но не се лесни

Во американската сојузна држава Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, од четвртокот минатата недела водеапреговори со Украинците. Поранешниот министер за одбрана Рустем Умјеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов ги водеа преговорите од украинска страна. Пред тоа, Виткоф и Кушнер се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва пет часа. Како што преговорите меѓу САД и Украина во Флорида се приближуваа кон крајот, Зеленски се приклучил на разговорите преку телефон во саботата. Тој ги опиша разговорите со американските претставници како конструктивни, но не и лесни. „Претставниците на САД ги знаат основните украински позиции“, рече тој во своето вечерно видео обраќање во саботата. Клучните точки што сè уште треба да се решат се изгледа територијалните прашања и безбедносните гаранции на САД за Украина.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми