1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Различна перцепција на „Бура“

Ненад Крајцер
5 август 2026

Медиумите во Хрватска од една и во Србија и во Република Српска од друга страна, како и претходните години, го следат одбележувањето на годишнината од воената акција „Бура“ од дијаметрално спротивни гледишта.

Хрватски војници со маскирни униформи и автоматски пушки преку рамењата
Книн, Хрватска: подготовки за одбележување на годишнината од „Бура“Фотографија: Hrvoje Jelavic/PIXSELL/picture alliance

Хрватските медиуми годишнината ја следат како државен празник: се одбележуваат Денот на победата и татковинската благодарност, како и Денот на хрватските бранители, по повод 31-годишнината од воено-полициската операција „Бура“, со која, околу тоа прашање во Хрватска постои општ консензус, биле ослободени окупираните територии на земјата од бунтовничката окупација.

Но, оваа година одбележувањето се одвива во сенка на несогласувањата меѓу Владата и кабинетот на претседателот, пред сè затоа што претседателот го забрани учеството на хрватските војници на воената парада во Париз, а началникот на Генералштабот, кој ја послушал таа наредба, ја изгубил довербата на Владата.

Централната свеченост се одржува на 5 август во Книн, а дополнително се предупредува на мерките на претпазливост поради големите горештини што деновиве владеат во Хрватска.

Владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) ја искористи приликата и да го критикува градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ од движењето „Можеме!“, бидејќи на главниот загрепски плоштад на Денот на победата не било истакнато ниту едно хрватско знаме.

Србија – ден на жалост и „етничко чистење“

Медиумите во Србија користат сосема поинаква терминологија: се говори за „најголемото злосторство на етничко чистење по Втората светска војна“, при што за само 48 часа подрачјето на поранешната Република Српска Краина било „етнички исчистено“, со околу 2.000 убиени или исчезнати Срби и повеќе од 220.000 протерани. 

Српските медиуми говорат за „најголемото злосторство на етничко чистење по Втората светска војна“Фотографија: Tom Hanson/AP Photo/picture alliance

Податоците на центарот „Веритас“ зборуваат за истите бројки, опишувајќи го тоа како најголемиот егзодус на цивилно население во Европа по Втората светска војна.

Некои текстови отворено ја пренесуваат и руската перспектива: руската амбасада во Белград соопшти дека „Бура“ станала „една од најтрагичните страници во поновата историја на Балканот“, со обвинувања дека посебна одговорност носат НАТО и Европската Унија.

Република Српска – заедничко одбележување со Србија

Од Босна и Херцеговина доаѓа слика на поделено општество: Србија и Република Српска веќе со години заеднички организираат „Ден на сеќавање на настраданите и протераните Срби“, а годинашната церемонија се одржа на 4 август во Мркоњиќ Град.

Dел од известувањата ја поврзуваат „Бура“ со подоцнежната операција „Маестрал“ во БиХ, тврдејќи дека хрватските и муслиманските сили убиле дополнителни 655 лица и протерале околу 125.000 српски жители.

Интересен е и гласот на поумерената аналитика во медиумскиот простор на Босна и Херцеговина: хрватскиот аналитичар Давор Ѓенеро изнесе став дека и Хрватска и БиХ грешат затоа што годишното одбележување на „Олуја“ недоволно инсистира на поширокиот контекст на операцијата, вклучително и Сплитската декларација.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми