1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Кремљ: Изјавата на Трамп е „голема грешка“

ЖА
24 септември 2025

Трамп наговести пресврт во неговата политика кон Украина, нарекувајќи ја Русија „хартиен тигар“. Портпаролот на Кремљ, Песков, одговори: неговата земја би сакала да се спореди со мечка и „нема алтернатива“ за војната.

 Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги отфрли и забелешките на Трамп за Русија како „хартиен тигар“Фотографија: The Kremlin/TheKremlinMoscow-SvenSimon/picture alliance

Кремљ ја нарече изјавата на американскиот претседател  Доналд Трамп  дека Украина би можела да ја врати изгубената територија „голема грешка“. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, ги отфрли и забелешките на Трамп за  Русија како  „хартиен тигар“.

„Русија воопшто не е тигар. Кога мислите на Русија, помислувате на мечка. Нема хартиени мечки. Русија е вистинска мечка“, изјави Песков за радио РБК во Москва. Секако, има тешкотии поради санкциите, но генерално, руската економија е стабилна, тврди тој.

Според Москва, зближувањето меѓу Русија и САД, иницирано од американскиот претседател Доналд Трамп, даде „речиси нула резултати“. Портпаролот на Кремљ, изјави за РБЦ Дмитри Песков. „Овој процес е бавен, многу бавен“, рече Песков, осврнувајќи се на  напорите од изминатите шест месеци  и средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин  кои не дадоа речиси никакви резултати.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми