1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реалните плати во Германија продолжуваат да растат

ЕМФ | агенции
29 август 2024

Реалните плати во Германија пораснале и во вториот квартал од годинава и тоа за 5,4% во споредба со истиот период лани.

плата Германија
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi

Сојузниот завод за статистика во Визбаден денеска (29.08) објави дека платите во Германија во вториот квартал од 2024 година забележале номинален пораст од 5,4 отсто во споредба со истиот период минатата година. Потрошувачките цени во вториот квартал од годинава се зголемиле за 2,3 отсто - што резултира со зголемување на реалните плати од 3,1 отсто. Според податоците на заводот за статистика, ова е петто зголемување по ред на реалните плати.

Помеѓу крајот на 2021 година и почетокот на 2023 година, вработените во Германија сè уште во просек имаа загуби на реалните плати, се вели од страна на статистичарите. Клучни фактори за тековниот позитивен развој се инфлациските премии и зголемувањата на платите и еднократните исплати договорени со колективните договори. Особено профитираа, на пример, вработените во секторот за снабдување со енергија со зголемување од 7,6 проценти. Голем пораст бележат и вработените со ниски примања, со просечно зголемување од 7,6 отсто.

И покрај позитивниот развој, потрошувачката клима за септември не изгледа толку добро, покажа истражувањето на Институтот за истражување на пазарот ГфК и Институтот за пазарни одлуки НИМ. „Потрошувачите сѐ уште не веруваат вистински во падот на инфлацијата (во август 1,9%, н.з.)“, изјави економскиот експерт Клаус Волрабе. Тоа е една од причините зошто потрошувачите се одлучуваат да штедат наместо да трошат.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми