Музејот на хартијата во Охрид постои од 2001 година. Тука хартијата се изработува на стар кинески начин.
„Потполно природна постапка. Не се користат хемикалии, лепила, смоли… Како во индустријата. А, се користат оние поцврсти, појаки видови на дрво како даб, орев, цреша, костен, дудинка. Начинот на изработка е од срцето на дрвото, со делкање. Се делка срцето на дрвото со специјални ножеви на многу ситни честички кои се како влакненце од косата.
Ниту една хартија која овде ја правиме, прво не може да се повтори истата нијанса на бојата. Второ, никогаш не е со иста дебелина. Никогаш не е со иста форма, иако со исто сито се прави. Секогаш има одредена разлика“, објаснува Љупчо Паневски од Музеј на хартијата.
Во Македонија оваа техника се применува од средината на 16 век.
Повеќе во видеото!