1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоФранција

Речиси 1000 уапсени по новите безредија во Франција

ЖА / агенции
1 јули 2023

Во повторните ноќни немири во Франција се уапсени близу 1000 лица, а 79 полицајци се повредени. Денеска во Нантер ќе биде погребан тинејџерот Нахил, чие убиство предизвика протести и безредија.

Франција насилни протести полициско насилство
Четврта ноќ насилни протести во Франција против полициско насилство по убиството на тинејџерот НахелФотографија: Juan Medina/REUTERS

И ноќта кон оваа сабота во Франција продолжија безредијата: француското Министерство за внатрешни работи објави тмурен биланс на изминатата ноќ во која се уапсени 994 лица, биле мобилизирани 45.000 полицајци и припадници на жандармеријата, а повредени се 79 полицајци. Ноќеска загинало уште едно момче кој очигледно паднало од покрив на еден супермаркет, а посебно немирно било во Лион, Марсеј и Гренобл.

Десетици запалени возила во насилните протести во Франција по убиството на тинејџерот НахелФотографија: Yves Herman/REUTERS

Но, билансот на насилните протести во полициската статистика е поразителен- според француското Министерство за внатрешни работи опожарени се 1350 возила, 234 згради се запалени или се оштетени, а регистрирани се преку 2560 улични пожари. Продолжува и ограбувањето на продавници, а службите се посебно загрижени откако демонстрантите во Марсеј провалиле и ограбиле продавница со оружје, но сепак не успеале да земат и муниција за ловечкото оружје кое го украле.

Заради сузбивање на насилството во француските градови се испратени безбедносни службеници во целосна воена опрема, на улиците се нашле и оклопни возила, а благодарение на мобилизацијата на полициските сили во целата земја, насилството било со помал интензитет отколку претходната ноќ, се вели во соопштението на Министерството.

За сузбивање на безредијата во Франција биле ангажирани 45.000 полицајциФотографија: Firas Abdullah/AA/picture alliance

Властите во ноќта кон сабота воведоа низа рестрикции во јавниот живот и во функционирањето на јавниот сообраќај, потпомогнато со масивно полициско присуство.

Синоќа со апел за смирување се огласија и француските фудбалски репрезентативци: капитенот Килијан Мбапе и сите во екипата се „шокирани од бруталното убиство на младиот Нахел“, но повикуваат на прекин на насилството и на „други, мирни и конструктивни начини на изразување на револтот“. По трагичниот настан сме сведоци на изразите на гнев на населението и ја разбираме причината, но „не можеме да ја прифатиме формата“, се вели во обраќањето. Фудбалерите истакнуваат дека ги споделуваат чувствата на болка и тага, но им укажуваат на насилните демонстранти: „имотот кој го уништувате е ваша сопственост, ваше соседство, ваши градови, ваши места на исполнување“.

Во безредијата во Париз и други градови палени се и ограбувани и продавнициФотографија: Juan Medina/REUTERS

Меѓутоа, се претпоставува дека и оваа сабота ќе има немири, со оглед што за денеска е закажан погребот на загинатиот 17-годишен тинејџер.

Нахел М. Беше застрелан од страна на еден полицаец при вршење сообраќајна контрола во париското предградие Нантер. Случајот предизвика масовни протести против полициско насилство низ целата земја, посебно кај младата популација.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми